(U)X Files e серијал на текстови каде што дознаваме повеќе за студентите на Академијата за UX/UI дизајн. Овој текст му е посветен на Никола Матоски.

Студент: Никола Матоски.

Роден на… 11.04.1986

Статус:  Remember then: there is only one time that is important– Now! It is the most important time because it is the only time when we have any power.” -Tolstoy

По професија… Музичар.

Кога бев мал сакав да бидам… не сум најсигурен ама највероjатно нешто од сферата на аудио-визуелните уметности.

Од првиот час на Академијата за UX/UI памтам… со оглед на тоа што првиот час беше запознавање, ми остави впечаток разноликоста на групата, речиси сите студенти доаѓаат од различни професии.

Едвај чекам да започнат часовите по… Interface Design, Развој на идеја и концепт, Информациска архитектура и sitemaps.

Одбрав UX дизајн поради… поради предизвиците кои ги носи креирањето и градењето на продукт од нула кој треба да ги задоволи потребите на конкретна таргет група, работата во тим и љубовта кон естетиката на убавото.

После час секогаш…. најчесто отворам и пребарувам линкови / блогови кои сме ги дискутирале на часот.

Пред да се запишам,  ме плашеше… дали имам доволно познавање од областа на UX/UI.

Како UX дизајнер ќе… тука повеќе одговори се во игра, сепак оставам малку подлабоко да загазиме со часовите како би изградил професионален mindset и би знаел што точно сакам.

UX дизајнот за мене е… се надоврзувам на претходниот одговор 🙂

Сакам да гледам… во последно време најчесто гледам скандинавски драми на Netflix.

Сакам да читам…. шарена литература, последно книга што паметам дека сум ја завршил е „Мајсторот и Маргарита“ од Булгаков.

Сакам да знам… кога ќе ги вратиме журките?  🙂

Уписите за новите групи на Академијата за UX/UI дизајн се во тек. Дознај повеќе ТУКА.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.