Јане Наумовски е Senior UX/UI дизајнер, кој во слободно време сака да фотка и да готви. Со него студентите на UX/UI Академијата ќе имаат можност да се запознаат веќе во вториот модул, а заедно со Јане ќе работат и на многу проекти и хакатони вклучувајќи го и завршниот реален проект на Академијата.
Прочитај повеќе за UX и UI дизајнот од негова гледна точка, неговиот став на тема предзнаење за учење UX/UI, што мисли за Академијата, програмата итн.
Јане, како се реши за промена кон UX дизајн. Што те привлече во UX дизајнот?
Префрлањето од UI во UX ми се случи природно. На почетокот, интересно ми беше да креирам user interface, она што корисниците го гледаат, но подоцна ме заинтересира прашањето како ќе го користат тој интерфејс, какво ќе биде нивното искуство – дали веднаш ќе се снајдат или ќе наидат на тешкотии, дали дизајнот е интуитивен или ќе ги „измачи“. Но сè уште работам UI бидејќи е тесно поврзано со User Experience и сè уште уживам да го правам тоа.
Како би му објаснил на некој кој нема никакво познавање од UX/UI, што всушност е UX/UI?
Решавање на проблемите на корисниците – да им се овозможи да завршат одредена работа без нервоза, без многу размислување и за пократко време.
Наброј ни 5 причини зошто сакаш UX/UI дизајн?
Би можел да наведам и пет и повеќе причини, но ќе ви кажам само дека си ја најдов работата од соништата и уживам да го правам ова секој ден. Тоа му го посакувам на секој човек.
Дали сметаш дека UX/UI дизајнери ќе бидат повеќе потребни во иднина? Како мислиш дека ќе се смени UX/UI дизајнот во наредната декада?
Многу сум среќен што конечно компаниите и клиентите сфатија дека една од најважните компоненти на било кој продукт е корисничкото искуство. Потребата за UX/UI дизајнери е зголемена и мислам дека ќе продолжи да расте.
Според мене, во иднина, на UX дизајн ќе се посветува повеќе време отколку на UI. Корисниците на интернет, не само што немаат многу време, туку се соочуваат и со многу информации и не можат да уживаат во добар интерфејс; тие само сакаат да завршат работа, да ја завршат што побрзо и да продолжат со обврските.
Препорачај ни видео или дизајнер или некои материјали кои секој кој сака да се запише на UX/UI треба да ги изгледа.
Има милион видеа на интернет, но мој совет е да се прочита книгата “Don’t make me think” од Steve Krug.
Кои предиспозиции треба да ги има човек за успешно да ги совлада вештините кои се потребни за да се стане UX/UI дизајнер и да се започне кариера во UX/UI дизајн?
Потребна е желба за учење, потребно е да се посветува време на учење и потребно е континуирано да се учи, да се збогатува знаењето.
За да започнеш кариера, треба да го совладаш UX процесот – од истражување до креирање UX прототип. И, секако, потребно е познавање на некои алатки за дизајн како Adobe, FIgma, Sketch или други.
Ти си веќе дел од тимот на инструктори во Brainster. Па, кажи ни што може да очекуваат сите оние кои сега студираат и оние кои во иднина ќе се запишат на Академијата?
Многу домашни задачи 🙂
Сегашните и идните студенти можат да очекуваат дека ќе дадеме сè од себе да им го пренесеме нашето знаење и да ги подготвиме за нивните нови кариери. Тука ќе сме за нив и по завршувањето на академијата, за консултации и за совети. Покрај тоа, на сите мои студенти им кажувам да очекуваат дека, по завршувањето, ќе имаат многу работа, но дека тоа нема да им пречи бидејќи ќе уживаат во работата, а резултатите ќе ги мотивираат да работат уште повеќе. Или, поточно, им кажувам дека треба да скршат 2-3 столчиња од седење 🙂
На 20 јуни почнуваме со предпрограмата, затоа не се двоуми – аплицирај за влез во групата на Академијата за UX/UI сега.