Студентите од 1-та група на Академијата за UX/UI дизајн се скоро на половина од патот на учење на оваа 8 месечна Академија. Решивме нивниот досегашен пат да го споделиме со тебе. Па затоа ги прашавме од прва рака како си поминуваат досега на Академијата, со кои предизвици се соочуваат, какви задачи добиваат и што сметаат дека е нивната најсилна вештина која досега ја научија.
Група 1 на Академијата за UX/UI дизајн започна со часови во јуни, а студентите досега имаа можност да ја искористат бесплатната предпрограма која ги подготвува за влез на Академијата без предзнаење, да учат од своите колеги преку тимски предизвици, да учат од своите ментори преку менторски сесии и работа на час, да добијат insight во она кое ќе се очекува од нив во IT индустриите од нашите инструктори- експерти и започнаа да работат на својот прв реален проект кој ќе им помогне да го изградат своето портфолио.
Еве што имаат да споделат дел од студентите од Група 1 за досегашното нивно искуство на Академијата.
Работа на прв реален проект
Работата на прв реален проект е сосема поразлична од моите очекувања. Кога на почетокот се зборуваше за реални проекти мислев дека ќе треба навистина напорна работа и саати поминати на компјутер. И така е, но саатите не ги чувствувам кога поминале. Работиме во групи, во нашата група сите подеднакво се вложуваме, сите имаме свој поглед кон проектот. Компанијата се вика Renoon и странска компанија. Темата навистина ми е погодена, бидејќи бизнисот на Renoon е мода. Тие се листинг платформа на модни брендови. Модата ми е пасија, но најмногу ми се допаѓа патот до крајниот продукт. Сите колеги споделуваме материјали, даваме свои гледишта и на крајот се одлучва кое е вистинското решение за тој дел од процесот. Тоа што сите сме различни во групата е најдоброто од се, не престануваме да учиме ни за момент, како од професорите- така и еден од друг. – Ивана Ангеловска, пасија за моден дизајн.
Реалниот проект го добивме со многу прецизно дефиниран бриф. Она кое особено ми се допадна е тоа што компанијата за која работиме се занимава и со проблематиката на одржлив развој. -Дамјан Колевски, машински инженер.
Сите задачи и примери со кои досега се сретнавме на Академијата се всушност базирани на реални проекти каде стекнуваме јасна слика за она што не очекува во реалниот свет во оваа професија. Од неодамна започнавме со изработка на реален проект кој е доста интересен. Станувазбор за платформа за онлајн шопинг искуство за sustainable fashion каде ние како UX/UI дизајнери треба да му дадеме на брендот нов визуелен идентитет и да го подобриме целовкупното искуство на корисниците. – Анастасија Јовческа, графички дизајнер.
Проект на Александра Устијановски
Работа и учење на часовите
Коцките полека почнуваат да се вклопуваат во мозаикот. Сега веќе почнувам да ја гледам вистинската слика и ги разбирам процесите, кои на почетокот се прашував, зошто се прават. Во текот на денот покрај часовите на Академијата поминаувам барем два активни часа во reaserch и секако дополнителен час за домашната доколку ја имаме. Менторите се тука секако да помогнат во секој поглед, со примената на реални примери ни ја доловуват вистинската работна атмосфера. Како најкорисно од часовите би го издовила работењето на реални проекти,на кое чекав со нетрпение. -Александра Устијановска, IT support specialist и софтвер тестер.
Wireframes, Ива Матиќ
Тимски предизвици
Часовите се доста интересни и многу интерактивни, целата група-тим има заеднички колегиален дух и така целиот материјал е полесен за учење. Многу ми се допаѓа во кој правец се движиме како прва група од првата Академија за UX/UI дизајн. Колегите со кои работам се исполнителни пред се и прифаќаат критика. Сите критики се секогаш добронамерни и заедно си помагаме во решавање на одреден проблем. -Петар Прентович, студент,кошаркар.
Тимско домашно ( Петар и Ивана)
Експерти инструктори
Искуството на Академијата ми е супер. За овие неколку месеци успеав да научам многу интересни работи за областа UX и едвај чекам да го продлабочам тоа знаење во остатокот од Академијата. Исто така, преку Академијата запознав и многу кул луѓе со кои би сакала да соработувам и по завршувањето на истата. Досега имав можност да работам со 6 инструктори кои се вистински професионалци во својата работа и одлично умеат да ни го пренесат нивното знаење и искуство во текот на предавањата. – Ива Матиќ, вечна пасија за јазици
Следните предизвици кои ги очекуваат студентите од група 1 е работата на студии на случај и натпревар. Каде студентите ќе работат во тимови од двајца и ќе бидат бодувани за работата од своите колеги. Другиот нов предизвик е Хакатонот за UX/UI дизајн кој ќе биде организиран на 17ти и 18ти октомври, каде студентите ќе бидат поделени во тимови и ќе работат на градење на UX проект и креирање на дигитална платформа. Остани во тек за да прочиташ повеќе наскоро.
Новата Академија за UX/UI дизајн започнува на 19ти октомври и првата група е веќе пополнета.