Александра Ѓорѓевска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн

Запознајте ja Александра Ѓорѓевска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец јануари 2022.

 

Име и презиме: Александра Ѓорѓевска

По професија: Дипломиран економист (насока е-бизнис)

Академија: Академија за UX/UI дизајн

Зошто баш UX/UI дизајн: Пораснати во дигиталниот свет, секојдневно комуницираме и исполнуваме бројни наши потреби преку интернет страниците и апликациите. Зошто баш оваа област? Затоа што ме заинтригира како е да се биде од другата страна, да го сознаам целиот процес во позадината, за еден ден да бидам и јас во можност да креирам интересни содржини.

Што те мотивира постојано да учиш: Со самото навлегување во областа, освен што го проширив моето знаење, се соочив и со многу прашања, проблеми и предизвици, сите нови за мене, и токму тие се тоа што ме мотивира да продолжам да се надградувам.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Предавањата се одлично организирани, интерактивни, со практични вежби и тешко ми е да издвојам баш една. На стартот сѐ е ново и примамливо, а најмногу уживав во изучувањето на интересни работи поврзани со wireframe и боење на истите.

Омилен модул и зошто: Дефинитивно, front-end – затоа што е последниот чекор пред да го презентираме конечниот резултат.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Морам да ги пофалам сите инструктори на Академијата, а би ги издвоила Јане и Горјан. Јане, кој несебично го споделуваше со нас целото знаење од UI сферата и меѓудругото, успеа да ни ја прикаже суштината од една друга поинтересна страна. Горјан, пак, го предава мојот омилен модул. Со него научивме како со помош на мали трикови да решиме некој голем и навидум нерешлив проблем.

За 5 години сакам да бидам: Senior UX Designer со големо портфолио со можност да продолжам да се надградувам и кариерно развивам во оваа област.

Хоби: Фотографирање

Омилена книга: Five Feet Apart од Mikki Daughtry, Rachael Lippincott, and Tobias Iaconis

Омилен цитат: „The way to get started is to quit talking and begin doing“ – Walt Disney

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА