„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива, споделете со пријателите.
3D принтинг индустријата зема голем замав во последните години. Дневно излегуваат десетици различни модели на 3Д принтери. Овие уреди може да ги користите за изработка на играчки за вашето дете па дури и за изработка на комплексни делови кои се користат во Авио индустријата.
Сега оваа технологија станува достапна за сите.
Тим на иноватори кои секојдневно ги користат овие принтери за изработка на нивните пронајдоци го изработија Tico. И покрај стотиците ралични модели кои се достапни на пазарот Tico е различен од останатите. Најприметливата разлика е во цената. Тимот на Tico направи уред со цена прифатлива дури и за нашиот стандард. Цената на принерот ќе биде 179 долари а првата серија ќе биде произведена во Ноември 2015. Иновацијата на Tico е во компактното тело на принтерот кој го прави ефтин за сериско производство.
Можеби ќе ве интересира:
Според Tico, овој принтер може да се продава и за многу повисока цена но сепак иноваторите сакаат да биде достапен за сите. Tico доаѓа со уште неколку иновации како што се wifi конекција и cloud софтвер за дизајнирање на деловите. Tico направија успешна кикстартер кампања каде од вложувачи собраа околу 3 милиони долари.
Што е првата работа што би ја изработиле доколку имате ваков принтер во вашиот дом или работилница?
Среќно
Brainster заедницата
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука