Со развојот на новите технологии, се појавија еден куп нови вештини и професии кои треба да ги имаме предвид кога го планираме нашиот кариерен развој. Тоа го потврдува и фактот дека во моментов на LinkedIn постојат над 50.000 различни професии.
За да не мора да ги прегледувате сите 50.000 за инспирација, ги издвоивме вештините за кои веруваме дека ќе бидат најбарани и најплатени (и) во 2019.
Вештините на оваа листа го одразуваат влијанието на дигитализацијата во сите сфери на општеството. Тоа значи раст на cloud computing и AI, но исто така значи и работа кон подобрување на секојдневното дигитално искуство преку UX дизајн и web development.
1. Business Intelligence
Со популаризацијата на поимот „data driven decisions“, се повеќе компании почнаа да се вртат кон податоците кои ги генерираат на дневна база, подготвени да инвестираат во нивна потемелна обработка. Поради тоа, позицијата на човек кој ќе може од купот непрочистени податоци да го извлече и соодведно рапортира најважното, стана и тоа како барана и престижна. Ако ве интересира кариерен развој во оваа насока, одлично место да започенете е курсот за анализа на податоци во Microsoft Еxcel во Brainster. Исто така, од удобноста на вашиот дом можете да го проследите и нашето бесплатно онлајн предавање за Google Analytics.
2. Data science
Data Science претставува сериозен level-up на првата ставка од нашата листа. Но, затоа е и мошне подефицитарна и една од најплатените во моментов. Професионалците од овој тип, покрај сите вештини од првата точка, треба да поседуваат и знаења од SQL и програмски јазици како Python, R или Julia. На тој начин, тие ќе бидат во можност да се зафатат со обратка на масивни бази податоци, и со помош на алгоритми да откријат патерни и да постават предикциони модели, за кои познавањата и алатките од BI не се доволни. На тема Data Science очекувајте големо изненадување од Brainster наскоро!
3. UX
Како што фокусот на крајниот корисник преминува сè повеќе од продуктот кон целокупното искуство, така UX дизајнот станува една од најбараните вештини во моментов. Потребата од едноставно и елегантно искомуницирани производи и услуги ја креира примарната побарувачка од креативци со бројни знаења од повеќе дисциплини. Дел од нив можете да ги најдете во програмата на Академијата за Дизајн на Brainster.
4. Вештачка интелигенција
Времето на Artificial Intelligence (AI) или Вештачка интелигенција е сега, и овде! АI вештините се меѓу најбрзо растечките вештини на LinkedIn, со 190% зголемување од 2015 до 2017 година. Вештачката интелигенција веќе трансформираше неколку индустрии, како софтвер, финансии и производство. За да бидете во чекор со оваа огромна светска промена, имате две опции. Можете да започнете со изучување на програмски јазик како Python, или да работите на унапредување на вашите меки вештини (soft skills), бидејќи тие се токму типот на вештини кои роботите (уште) не можат да ги автоматизираат :).
5. Full stack дигитален маркетер
Покрај стандардната стручност во полиња како social media и digital advertising за кои од дигиталните маркетери се очекува да ги владеат „по дифолт”, тенденциите во 2019 сè повеќе налагаат овие специјалисти да се способни за брзо прилагодување на промената на трендовите во маркетингот. Тоа значи познавање на најактуелните дигитални трендови и алатки. Без разлика што добар дел од компаниите се уште работат со маркетинг агенции, inhouse тимот ќе мора да биде оној кој ќе ги координира не само маркетинг активностите, туку и ќе ја предводи дигиталната трансформација на компанијата. Најефикасниот начин да го совладате сето она што сте го пропуштиле на ова поле е дефинитивно Академијата за дигитален маркетинг на Brainster.
6. Design thinking
Спремни сме да се обложиме дека ова ќе биде no.1 trending topic во 2019.
Design Thinking е интерактивен процес во кој сакаме да го разбереме корисничкото искуство и да ги редефинираме проблемите во обид да идентификуваме алтернативни решенија кои можеби не се веднаш видливи и решливи со стандардните пристапи. Ова поле го пренесува акцентот од истражување на проблемот кон изнаоѓање на решение. Иако на прва звучи како soft skill, сепак станува збор за збир од практични вештини и стратегии, кои можат да бидат од огромна помош за секоја компанија во редизајнирање на процесите и на корисничкото искуство.
7. Развој на мобилни апликации
Продажбата на мобилни апликации се очекува да достигне 99 милијарди долари во 2019 година. Во mobile first време, мобилните вештини се секогаш меѓу најбараните во IT индустријата. Техничките способности и искуство кое ви е потребно доколку сакате да се вработите во оваа индустрија се: Xcode, Android SDK, HTML 5, CSS 3, JavaScript frameworks (jQuery, BootStrap, EXT_JS). Како одлично место од кое можете да започнете, ја препорачуваме Академијата за програмирање со нејзините две гранки: Web програмирање и Front end програмирање. Токму од тука можете да влезете во светот на кодирањето и да се пронајдете можеби токму во mobile apps.
Какво е вашето мислење на оваа тема? Која друга вештина треба да биде на оваа листа?