Кога се чувствуваш заглавен во твојата работа и размислуваш да промениш кариера. Решението дефинитвно не е да запишеш нов факултет. Но, решението е секогаш да бидеш храбар и да направиш чекор во непознатото. Остани љубопитен, учи, прашувај и пред се остани отворен за новите  можности кои ти ги нудат промените кои веќе се започнати.

Зошто реши да направиш промена во твојата кариера?

Бидејќи не бев задоволен со дотогашната 9 до 5 работа. Чувствував дека сакам и можам повеќе од просечна работа за просечна плата, па така да терам се до пензија.

Како дојде до идејата да се запишеш на Академијата за дигателен маркетинг во Brainster?

Во потрага по нова кариера, започнав да размислувам повторно да се запишам на факултет. Разгледувајќи ги различните области, бев свесен дека постои шанса да потрошам уште 4 до 5 години студирајќи, за професија која првенствено може да нуди лимитирани можности за работа, а понатаму може и воопшто да не биде различна од гореспоменатата просечна. Тогаш, случајно налетав на Brainster. Видов реклама која го истакнуваше краткото времетраење на Академијата, бенефитите на дигитална кариера, можностите за напредок, и најважно – фактот дека е далеку од просечна професија и од тебе бара мотивираност и посветеност за континуирано надградување и професионален развој. Тоа беше токму она што сакав да го слушнам во моментот и Brainster ми го сервираше во вистинско време, на правото место (Instagram), па оттаму би рекол дека јас не го најдов Brainster, тој ме најде мене.

Уписите се во тек! Апилцирај тука!

Што очекуваше кога се запиша? Кои твои очекувања се остварија?

Очекував да добијам цврста основа за областа, која ќе можам соодветно да ја прераснам во експертиза со тек на време, очекував современ пристап кон материјата, различен од универзитетскиот (бидејќи дигиталниот маркетинг се разликува од традиционалниот), како и учење преку практична работа, наместо ‘бубање’. Сите очекувања се исполнети, и надминати Освен основа, добив значителна надоградба на она малку што го знаев за областа претходно, главно преку практична работа на проекти од повеќе категории (Social, Google, Email marketing, итн), која претставуваше ‘отскочна даска’ за кариерата. Преку Brainster ја најдов и мојата прва работа со дигитален маркетинг, за која вработените значително ми помогнаа во процесот на апликација (shoutout Александра ), и last but not least, запознав кул луѓе и остварив контакти со кои би можеле да оствариме супер соработка во иднина, млади и амбициозни луѓе кои се ѕверки во својата област и своевремено ја менуваат дефиницијата за успешна кариера.

Кажи ни за твојата промена на кариера? Како се случи?

Првата маркетинг работа ја добив во последните денови од Академијата, во маркетинг агенција на еден од студентите од другите групи. По неколку месеци во истата, видов активен оглас за ‘Paid Social Specialist’ во LeanSEM и свесен за единствените можности за професионален напредок и надградба на знаењата кои компанијата ги нуди – аплицирав без двоумење! Мислам дека донесов правилна одлука, бидејќи сега сум дел од еден вид ‘маркетинг лабораторија’, со неисцрплив knowledge base, работам со светски-познати клиенти од Силиконската Долина и сум опкружен со искусни маркетери кои несебично споделуваат знаење и заедно активно работиме за прогрес на компанијата, а преку тоа и индивидуален раст.

Кој е твојот следен чекор за напредок во професијата?

Како што споменав погоре – можностите за напредок кои ги нуди компанијата се речиси limitless. По два месеци го достигнав второто ниво од кариерниот пат, сега неуморно целам кон следното, a on the long run, секако, не запирам додека не го достигнам максималното.

Како најчесто учиш? И кои нови практики на учење ги научи тука?

Webinars ми се омилени. Пред Brainster не бев запознаен со овој начин на учење, а сега гледам вебинари наместо серии.

Која една работа би сакал да им ја пренесеш на сите потенцијални студенти на академијата за маркетинг?

Би сакал да ги охрабрам оние кои можеби се двоумат или се чувствуваат ‘заглавени’ во професии кои не им даваат чувство на исполнетост да веруваат во себе and to just go for it, бидејќи само надвор од комфорт зоната се случуваат ‘чуда’. 

Останаа уште неколку места на Академијата за дигитален маркетинг. Резервирај го своето денес.