Креативност провлечена низ уморните мисли од крајот на денот. Потреба за будење од зимски сон со идеи споделени подалеку од сопствените четири ѕида. За момент, додека ноншалантно утрински прелистував по “сопствениот фејсбук профил”, ми прелета Brainster со курс на тема Storytelling кој што беше токму тоа што во моментот ми делуваше како брилијантно решение на мојата моментална инспиративна поспаност. И беше. Се пријавив, се разбудив. Нина Николиќ се уште не ја познавав, а веќе бев воодушевена.
Со нетрпение чекав да поминат деновите побрзо и да дојде 26ти Јануари, да дознаам и научам нови трикови за оваа безвременска техника, како и да се запознаам со истомисленици. “Секој може да пишува”. Нина ме погоди. Ми ја разгоре желбата за се што знаев дека сакам, но не и дека можам да го остварам. Како и јас, така и другите учесници имаа очи полни со сјај и желба за нешто креативно, за приказни кои се спремни да освојат надалеку. Курсот беше инвентивен и инспиративен, исполнет со нови информации кои што ми беа како тло и база за напредок и натамошно надоградување.
Mожеби ќе ве интересира некој од следниве курсеви:
- Блогирање на долги патеки – како да развиеш блог кој ќе опстои со: Ива Дујак
- Изградете сопствена веб страна за 4 дена на WordPress со: Mario Davchevski
Покрај потребните информации со кои што се здобив на самиот курс, Нина делуваше на мене, а и на останатите, максимално мотивирачки. Со подеднаква енергичност, Александар Манасиев – Мано се приклучи на нашата мала креативна група и несебично го спедели своето знаење и долгогодишно искуство како истакнат новинар како во Македонија, така и во светот. “За да започнеш да пишуваш за странски медиуми, покрај талент и знаење ти треба и многу среќа. После среќата, доѓаат трудот и посветено работење” – кажа тој, оставајќи не да размислуваме како можеби за скоро се во животот, среќата е една од клучните работи. Ова е само мал дел од тоа што Мано ни го пренесе и ни помогна да оформиме реална слика за нашите очекувања.
Една од работите која што со сигурност ја научив од овој курс е дека секоја приказна треба да се потрудиме да пренесе позитивна порака. Тоа е и една од целите на нашиот инструктор и таа се труди да ја употребува техниката на Storytelling за да сподели позитивни примери и искуства. Запознавајќи ги сите луѓе, со кои ги споделив овие 4-5 часа, научив и дека без разлика што си по професија, од каде си и каква приказна носиш во себе, ако силно посакуваш нешто, тогаш веројатноста е дека ќе работиш напорно за истото да ти се оствари и среќата ќе дојде на твоја страна. Сите во себе носиме нешто посебно. Нешто што заслужува да биде споделено. И Brainster денес, тоа ни го овозможи.“Sharing is caring”.
Напишано од:
Инес Пљакич
Љиљана Гиговска
Сашка Теодосиевски
Илинка Ставрова
Учесници на курсот Storytelling – како да пишувате за странски медиум (26.01.2016)
Едитирано од:
Нина Николиќ
Инструктор на курсот Storytelling – како да пишувате за странски медиум (26.01.2016)