Пред почетокот на новата година, сакаме со вас да ги споделиме 8те најважни моменти за нашата Академија за Software Testing во 2020.
- Лансирање на Академија за Software Testing и упис на 170+ студенти!
На почетокот на 2020 година, во време кога светот се соочуваше со светска пандемија и глобална дестабилизација, очекувано би било компаниите да сакаат да „играат на сигурно’’ и преземањето ризици да го сведат на минимум. Спротивно на очекувањата, решивме да си дадеме еден голем предизвик, односно да лансираме целосно нов производ – Академија за Software testing, бидејќи согледавме дека на пазарот на труд недостасуваат кадри од оваа област.
Започнувањето на нешто ново во овие непредвидливи времиња беше предизвикувачко искуство и комплексен процес. Во период кога невработеноста растеше, паралелно се зголемуваше побарувачката на дигиталните вештини, па така лансирањето на оваа академија се покажа како правилен избор, со оглед на тоа што им помогна на голем број студенти да направат кариерна трансформација и да обезбедат ново работно место.
Заинтересираноста за оваа Академија беше и поголема од очекуваното и за неполни 6 месеци запишавме 170 студенти, односно 7 полни групи. Ова за нас беше уште еден доказ кој оди во прилог на оправданоста на отворањето на Академијата и показател дека го преземавме вистинскиот чекор.
Интересот не запира, па затоа моментално имаме уште неколку слободни места дури и за групите кои започнуваат во март 2021.
- Успешна транзиција кон виртуелна училница
Пандемијата неминовно генерираше сериозни реформи во образовниот процес. Сето тоа резултираше со затворање на едукативните центри низ целиот свет. Начинот на пренесување на знаењето драстично се промени и е-учењето почна да бележи голем пораст, при што наставата почна да се спроведува од далечина преку дигиталните платформи.
Brainster успешно се справи со оваа транзицијата од класична настава во училници во онлајн настава преку нашата Brainster Learning платформа. Ги вложивме сите потребни ресурси со цел степенот на задоволство кај студентите да остане на високо ниво.
Успеавме сите предвидени активности да ги спроведеме онлајн, без пад на квалитетот на истите. Заедно учевме и напорно работевме, оддржувајќи редовни часови, менторски сесии, натпревари и реални проекти.
- Воведување на целосен и сеопфатен модул за кариерен развој
На оваа Академија за прв пат воведовме сеопфатен модул за кариерен развој на студентите. Сепак, се работи за професија што моментално е во подем, па не сакавме учењето да заврши со стекнувањето на технички вештини потребни за работа како тестер и со други зборови „да ги фрлиме студентите во оган’’ веднаш по завршувањето на Академијата.
Затоа на овој модул, искусните ментори ги учат студентите како да направат успешна себе-презентација, да направат CV што ќе го задржи вниманието на потенцијалните регрутери, да усвојат презентациски вештини и вештини на пишување. Со ова, по завршувањето на Академијата студентите излегуваат како тестери кои се подготвени да ги понудат своите вештини на пазарот на труд на соодветен начин.
- Овозможување присуство на South East European Software Testing Conference (SEETEST) 2020 – регионалната онлајн конференција за Software Testing за студентите и менторите
Покрај редовните предавања и активности во рамките на Академијата, се трудиме на студентите да им овозможиме вмрежување со професионалци во областа и шанси за стекнување на дополнително знаење.
За оваа цел, им овозможивме на нашите студенти и ментори присуство на овогодинешната регионална конференција за software testing, South East European Software Testing Conference (SEETEST) 2020. И покрај тоа што конференцијата оваа година се одржа онлајн, сè помина одлично и студентите беа задоволни.
- Работа на 3 реални проекти (Каргодом онлајн продавница, Brainster personality quiz и CareerHUB кариерната платформа)
Во рамки на програмата на Академијата предвидено е студентите да учат преку работа на реални проекти. Изминатите групи имаа шанса да работат на 3 креативни реални проекти, односно: апликацијата Каргодом, CareerHUB кариерната платформа и Brainster Personality Quiz.
Нашите студенти им помогнаа на девелоперите кои ги создадоа овие решенија да го подобрат нивниот квалитет и да дојдат до посакуваниот краен дигитален продукт.
- Ангажман на ментори со големо искуство во областа од докажани IT компании
Менторирањето во ИТ светот е од непроценлива важност за секој студент, но и за било кој професионалец од оваа индустрија. Менторството е ефикасен начин да им се помогне на луѓето да напредуваат и понатаму во кариерата. Никој не е толку талентиран, за да не му треба ментор кој ќе го води низ процесот на стекнување знаење.
Токму затоа, за потребите на Академијата ангажиравме ментори што имаат долгогодишно искуство од областа и работат на големи проекти од докажани ИТ фирми. Тие преку пренесување на сопственото искуство им отвораат многу врати на студентите и дополнително ги охрабруват, инспирираат и им помогнаат континуирано да се фокусираат на своите цели.
- Воведување на асистент за секоја група
За да ја олесниме транзицијата училница-дома и да им помогнеме на студентите полесно да се прилагодат и да го прифатат овој начин на учење, ангажиравме асистенти за секоја група.
Тие се од голема помош за студентите и работат со максимална посветеност. Доостапни се во секое време за секое прашање, совет или дилема. Заедно со нив, студентите ги изработија некои од најзначајните проекти на нашата Академија и успешно ги завршија своите задачи во зададениот рок.
- Успешно вработување на дел од студентите во домашни и странски компании
Можеби единствената позитивна работа што произлезе од пандемијата на глобално ниво, е тоа што многу луѓе решија да направат кариерна трансформација, да научат нови дигитални вештини или да ги надградат вештините што веќе ги поседуваат.
На Академијата за Software Testing, обучивме многумина кои што се пронајдоа во оваа област и успеаа уште пред завршување на Академијата да се вработат или да влезат на пракса во домашните и странски компании.
Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!