Овој текст е дел од серијата 52 бесплатни лекции за Дигитален маркетинг напишани од експерти. Регистрирај се и добивај по една лекција неделно, директно во твоето e-mail сандаче.
Нема потреба да кажуваме дека секој бизнис треба да биде присутен на социјалните мрежи.
На Facebook можеш да ги најдеш сите (oк, Apple не): од Maersk – шпедитерска компанија па се до локалниот супермаркет (кои со сигурност не ги прават своите продажби преку Facebook). Значи можеш и ти.
Има многу гужва на социјалните мрежи и не е доволно само да си присутен. Откако сите бизниси се “населија” на овој простор, за да бидеш приметен мора да бидеш remarkable.
Во овој текст ќе разгледаме неколку “Out of the box” пејџови на социјалните медиуми кои веруваме дека ќе те инспирираат да излезеш од стадото. Време е да му дадеш живот на твојот бренд во онлајн просторот.
![socijani mediumi](https://blog.brainster.co/wp-content/uploads/2018/03/Untitled-design-8-1-e1522052422111.png)
Dark
Производ:
Серија на Netflix која си е сама по себе “Out of the box”. Ќе бевме разочарани да имаа класичен Instagram. Без да ти ја расипуваме – драма/мистерија која на почетокот ќе ти биде тешко да ја сфатиш. Кога ќе стигнеш до крајот на прва сезона, отвори го нивниот Instagram профил и работите ќе ти се разјаснат. А и дополнително ќе се навлечеш и едвај ќе дочекаш да излезе новата сезона.
Што прават останатите од индустријата:
Bloopers, Behind the scenes, документирање на секој чекор на Cast-от, инсерти, и целиот тој контент замира како што замира и популарноста на филмот/серијата.
Нивниот поинаков пристап:
МАПА од настани и ликови од минатото и иднината – одлично дизајнирана и во нивен стил. Ако си веќе фан на серијата, кога ќе слеташ овде со сигурност ќе се воодушевиш. А ако сѐ уште ја немаш гледано и си фан на овој тип на забава, ќе сакаш да ја почнеш веднаш.
Lipa Ceramics
Производ: Рачно изработени, необични и несекојдневни Керамички садови направени во Македонија. Маркетингот е вграден во суштината на брендот, а страниците на социјалните мрежи се одличен пример за тоа како треба.
Што прават останатите од индустријата:
Фотографии од производите, известувања за попусти и акции, “нашите производи се најдобри”, Нова Година/Велигден.
Нивниот поинаков пристап:
Комуникација која не звучи како продажба. Добро осмислен и “Out of the box” контент кој би сакал да го гледаш на твојот Facebook feed дури и да не си во потрага по нови садови. Маркетингот бил успешен ако ти предизвика некаква емоција, па со сигурност можеме да кажеме дека овој контент не прави да посакаме да зготвиме некоја паста сервирана на овие чинии. И да ја поделиме со другарите на вечера во двор, секако. Си се прашуваш, што ќе објават следно?
Pajino Preslo Ski Bar
Производ:
Бачило на Копаоник со одлична храна, добра услуга и уште подобар ентериер.
Што прават останатите од индустријата:
Фотографии од топло чоколадо (лоша резолуција секако). Regram/Repost на фотографиите кои ги ставиле гостите – секој ден. “Повелете на добро кафе” е описот на секоја втора објава. Постери за настани кои ги кршат сите дизајнерски правила.
Нивниот поинаков пристап:
Поголемиот дел од контентот не е поврзан со нивните храна и пијалоци. Шаренило од планински сцени и љубов спрема природата. Исто како и претходниот пример: Комуникацијата не звучи продажно. Овој контент те тера да отидеш на планина, веднаш! А ако на таа планина по некоја случајност се наоѓа ова бачило, нема да одиш во ниедно друго.
Brainster
Производ: Курсеви, Академии и кариерна трансформација во областа на програмирање, маркетинг, дизајн и претприемништво (штом си тука, сигурно веќе го знаеш ова).
Што прават мнозинството брендови од оваа индустија:
“Попуст” или “Aкција” има секој ден! 🙂 Зборот “најдобро” е на стероиди. Сензационализам кога се работи за сите производи и услуги. Купи, купи, купи! Информирање на публиката за моменталните достапни производи.
Нашиот поинаков пристап:
Ја застапуваме девизата: You, you, you! наместо Us, us, us! Во офлајн светот имаме близок однос со учесниците кои поминуваат низ нашите програми. Така, во комуникацијата на социјални мрежи ги раскажуваме нивните лични приказни, го пофалуваме нивниот успех и ги охрабруваме во она што го работат. На крајот од денот, за нив сме тука. Веруваме дека со ова ги инспирираме оние кои знаат дека можат да имаат кариера за која сонуваат – само им е потребна уште малку храброст.
А понекогаш на Твитер знаеме и да бидеме твитерџии. Just go with the flow!