„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива, споделете со пријателите.
Од секогаш ме интересирале моторите. За мене, тие претставуваат начин на изразување – еден вид брендирање на своето јас а и многу повеќе од тоа… Моторите ме прават да се чувствувам жив, слободен и различен. Но возењето на мотори си носи и некои ризици – особено во Македонија каде едноставно немаме сообраќајна култура и почитување према сите учесници во сообраќајот. Од таму и имањето на целосна опрема и нејзино користење е повеќе од добредојдено. Но што ако постои начин како да се подобри безбедноста на љубителите на мотори?
Популарни курсеви:
- „Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”
- „Како да креирате CV кое ќе ве вработи“
- „Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“
Маркус Велер, инспириран од својата моторна незгода, се решеава драстично да ја подобри безбедноста на возачите преку зголемување на искуствата кои нашите базични сензори ги детектираат. Имајќи искуство и позадина со интелегентни транспортни системи, индустриска психологија и human factor engineering, Маркус го започнува создавањето на првата паметна кацига – Skully AR-1
Можеби ќе ве интересира:
- Rhei Clock: Времето тече во буквална смисла – Производ на денот #15
- Едноставна дизајнерска алатка за content маркетинг – маркетинг алатка #15
- Prezi – моќна алатка која ке ве претвори во одличен презентер – стартап алатка #15
Неодамна, Skully ја претстави својата паметна кацига која што го спојува реалниот и аугментираниот свет на возачите. AR-1 е дефинитивно најнапредната “паметна” кацига некогаш развиена. Во центарот на ова уникатно доживување се наоѓа heads up display (HUD) кој обезбедува интуитивен преглед (сличен на Google Glass) од внатрешната страна на кацигата. А кога на тоа ќе додадете 180-степена камера поставена на задниот дел од кацигата, Bluetooth конективност, звучници и вградени батерии доволни за 9 часа возење, ќе увидите дека AR-1 е сериозна опрема.
Но тоа не е се… AR-1 е почеток на една визија која е навистина интересна сама по себе. Замислете утре сите превозни средства да имаат вградени сензори на начин што истите ќе постанат паметни превозни средства и ќе можат да комуницираат меѓу себе. Замислете каков би бил тогаш сообраќајот… Две работи се сигурни – многу побезбеден и побрз дефинитивно
https://youtu.be/b7AYfq9uIY8
Доколку сакате да си го дозволите ова навистина интересно искуство, ќе мора да одвоите 1.500$ американски долари. Но ако ги земете во предвид сите функционални и искуството, сигурно вреди!
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата