Решение за проблемот на родителите – производ на денот #20

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.

Не можам да зборувам од мое искуство, но многумина од моите пријатели кои имаат семејства со мали деца се соочуваат со огромен проблем – нередот за време на оброците. Тоа е исто како да имате “мало диво ѕверче” во вашиот дом – се надевате на најдоброто, но од самиот старт знаете дека ќе наидете на хаотична ситуација од типот на расфрлана храна, превртени чинии и сл. Повеќе од “интересна” ситуација, нели? Но една мајка од САД смета дека има пронадено решение за проблемот на родителите.


Популарни курсеви:


Lindsey Laurain е родител на кого навистина и преставувало проблем тоа што нејзините 3 деца ги истурале чиниите и ги фрлале на подот и сметала дека мора да постои подобар и поедноставен начин за справување со ситуацијата. Размислувајќи околу тоа, Lindsey доаѓа до уникатно решение: EZPZ.

EZPZ претставува all-in-one послужавник со инкорпорирана чинија или делови од чинија наместени во форма на насмеано лице. Овој силиконски послужавник се “лепи” директно на масата и со тоа директно ги намалува шансите за неред за време на појадоците. Она што исто така го прави интересен овој продукт е фактот што не содржи материјали од типот на BPA, PVC и фталат, не кородира и не се уништува како пластиката затоа што силиконот, за разлика од пластиката, не го поттикнува расвојот на бактериите или мувлата. Лесно се чисти со млака сапунирана вода а воедно може и да се стави во машина за перење садови или пак микробранова.

Достапно во повеќе вивидни бои, како што е светло сината, коралната, лајм, розова, нане и сива, овој продукт доаѓа и во многу различни форми и големини – Happy mat: идеален за време на вашите оброци и за задржување на храната одделно едно од друга за попребирливите деца- овој продукт е идеален за супи или житарки и playmat кој е одлична опција за чување на деца на маса, додека други се уште јадат.

А сега време е за нарачки на EZPZ. Имајте повеќе забава, а помалку грижа!

Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука

Со среќа,
Вашата Brainster заедница

Related Stories For You