„Sneak Peak” во реалните проекти на Академијата за UX/UI

Нема да научиш да готвиш само ако ги гледаш рецептите на „Tasty”. Нема да научиш Кунг Фу од гледање филмови со Џеки Чен. За успех во било која дисциплина, потребна е практична работа!

Токму затоа, во програмата на Академијата за UX/UI предвидено е по завршувањето на секој модул, студентите да работат на реален проект. Овој тип на учење ќе те подготви за предизвиците во индустријата и за кариера во UX/UI дизајн.

 

Како? 

Реалните проекти на кои ќе работиш, ќе имаш можност да ги претставиш во завршно портфолио и да ги споделиш со нашите Learning Partners и Hiring Partners.

Целта на реалните проекти е да се запознаеш со проектите кои се барани на пазарот, да ги изработиш и понатаму да започнеш со работа на сопствени проекти. За сето ова да биде успешно, реалните проекти ќе бидат работени заедно со инструкторите на Академијата и со помошта на надворешни консултанти од компаниите.

Академијата е посветенa на постојано подобрување на студентите. Па така преку реалните проекти на компаниите ќе учиш новите вештини практично да ги примениш во реалните проекти. На овој начин ќе бидеш постојано во чекор со новите вештини директно од индустријата кои треба да се знаат и кои ги користат UX/UI дизајнерите.

 

Ова е Sneak Peak во три од шестте реални проекти на кои ќе работат студентите на UX/UI Академијата оваа година.

 

Изработка на online shop

Изработка на респонсивен прототип на онлајн продавница кој ќе ги балансира потребите на корисникот, бизнисот и брендот. 

 

Изработка на веб-страница за дизајн студио

Искористи ги твоите дизајн вештини да изработиш драфт верзија на веб страница на дизајн студио. Научените визуелни техники спои ги со вистинската приказна на брендот.

 

Изработка на мобилна апликација

Научи да изработиш мобилна апликација за да можеш сам/a да ги тестираш постојано твоите и идеите на твоите пријатели. 

 

Уписите на Академијата за UX/UI дизајн се во тек. Започнуваме во јуни со учење и работа на 6 проекти од ваков тип.

 

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫