„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.
Конечно на пазарот се појави јакна што ве грее но и удобно и стилски може да се носи како на планинина така и во канцеларија, без притоа да изгледа несоодветно. Обиди за креирање на ваков тип на јакна имало и порано, но другите решенија беа скапи, не изгледаа убаво и/или имаа проблем со технологијата. Ravean има за цел да најде решение за овие недостатоци да се отклонат и сакаат да ги презентираат јакните кои можат да се носат насекаде, кои се како стилски и трајни, така и топли и пријатни.
Слоевито облекување – тоа е она што секогаш ни го кажуваат. Без разлика дали ви се потребни за да се справите со брзото менување на временските услови или едноставно е брутално ладно, сите велат дека ќе се згрееме ако се облечеме во слоеви. Но Ravean сметаат дека мора да има подобар начин, па создадоа јакна тешка 80 гр., дизајнирана за да одржува пријатна температура на телото без оглед на условите кои владеат надвор. Ravean С6 јакната која грее има систем кој е создаден за да ги грее корисниците кога надвор е студено. Заборавете на проверка на временските услови, заборавете пакување повеќе парчиња облека и заборавете на облекувањето во слоеви. Со Ravean С6 ќе бидете сигурни дека сте подготвени, без оглед на временските услови.
Никој не сака да предвидува каква ќе биде надворешната температура. Тоа е една од причините за развојот на јакната која ви овозможува да ја контролирате вашата внатрешната температура, без разлика што се случува надвор. Создаден е систем за греење Ravean С6 кој е водоотпорен и издржлив и во вашата машина за перење. А за да ја задобијат довербата на потрошувачите секоја јакна доаѓа со 5-годишна гаранција на системот за греење. Лесната батеријата може да ги полни сите мобилни уреди. Акумулаторот на батеријата се полни за помалку од 90 минути, и може целосно да го наполни вашиот мобилен уред дури 6 пати. Уживајте во вашиот активен животен стил и останете поврзани.
Raveаn нуди различни типови како јакна со качулка, јакна без качулка, елек, дуксер и ракавици како додаток.Постојат варијанти за мажи и за жени и во моментов можете да порачате само преку Kickstarter. На пример, ако сега порачате една јакна без качулка, ќе добиете и ракавици и 12V батерија и полнач и сето тоа со испорака до Македонија би ве чинело 200 USD. Јакната би можеле да ја добиете во Февруари 2016г. Сепак е убаво да се размислува однапред и да се биде спремен за наредната зима. Колку од вас се спремни да ја тестираат јакната од иднината?
Сакате да добивате известувања за курсеви? Регистрирајте се тука
Ве очекуваме,
Brainster заедницата