Работите кои стојат помеѓу тебе и твојата прва „Tech” работа

Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.

Се сеќаваш ли на првиот пат кога користеше Google? Или можеби беше Yahoo?

Најверојатно тоа беше на единствениот компјутер кој го поседувавте дома, поврзан на dial-up интернет. Уште поверојатно е дека истиот тој момент си помисли – ова е магично. А додека размислуваше за магијата, почна да разбираш дека ова е тоа што сакаш да го правиш во животот.

Но зошто ти требаше толку време? Зошто сè уште не го правиш тоа, иако отсекогаш го сакаше? Има неколку работи кои стојат помеѓу тебе и твојата нова кариера, крајно време е да преминеш преку нив.

Најголемата причина поради која огромен број на луѓе, кои отсекогаш сонувале за истото сè уште не се одлучиле на овој чекор, е тоа што не веруваат дека припаѓаат во тој свет поради тоа што не поседуваат диплома. Но денес никој не прашува никого дали дипломирал на соодветниот универзитет, сè што ја интересира фирмата во која сакаш да се вработиш е колку си навистина добар.

Ако ти е тешко да поверуваш на тоа – провери ги статистичките податоци кои велат дека за секој еден оглас за вработување во кој е наведено дека апликантот треба да поседува диплома по компјутерски науки, постојат 3 други во кои не е наведено истото. Размисли само, секоја програмерка која развила нова мобилна апликација има потреба од некој кој ќе го издизајнира логото.

Кога ќе ја провериш листата подолу, ќе сфатиш дека многумина пред тебе ги имале истите дилеми и стравови, и можеби им требало време да се соочат со нив, но сепак ја донеле одлуката за која толку долго време се спремале.

Се трудиш да бидеш некој кој не си

blog 22 slika 3

Да речеме дека конечно се одлучи да пробаш да ја добиеш твојата прва „Tech” работа. Почна да одговараш на огласи за вработување, но засрамен од твојата позадина и поранешна кариера се трудиш да звучиш колку е возможно посериозно и писмено.

Вистината е дека светот на кој сакаш да се приклучиш го предводат личности кои немале никаква диплома или минато искуство. Најдобро ќе поминеш доколку бидеш искрен за тоа што го знаеш и кое сакаш да го правиш. Избегни ги сите зборови кои проверуваше на Google дали точно си ги напишал и во мотивациското писмо и задржи се на вистината и реалните причини поради кои ја сакаш работата и зошто треба токму ти да ја добиеш.

Играш премногу безбедно

Во обид да се вклопиш во средината, при аплицирањето за различни работни позиции, го испраќаш истото мотивациско писмо кое одлучи дека е „безбедно”. Тоа го правиш најверојатно затоа што шаблонот го најде на интернет и прочита дека на многумина во позиција слична како твојата им помогнало да се вработат.

Одлуката да ја промениш кариерата е неверојатно храбра и ризична, а твоето мотивациско писмо и целокупниот обид за вработување треба да го отсликуваат тоа. Верувај во својот сон, застани цврсто и кажи зошто заслужуваш да ти се оствари. Работодавецот е толку искусен што оддалеку може да направи разлика помеѓу искрена храброст и безбеден шаблон.

Не правиш разлика помеѓу истражување и прогрес

blog 17 slika 5

Залажувајќи се себеси дека инвестираш во својата иднина, поминуваш непотребно голем дел од времето во читање на написи на тема технологија. Се разбира, феноменално е што се трудиш да научиш нови работи и да бидеш во тек, но не се залажувај дека тоа е доволно за да се вработиш на позицијата која ја посакуваш.

Постави си цел, пример, дека ќе аплицираш на најмалку еден конкурс дневно. Секако, продолжи да се едуцираш, но не дозволувај тоа да ти влијае на „реалниот” дел од наоѓањето на работа.

Приоритизираш престижни компании

Една работа која многу често ги кочи почетниците е тоа што нивната работа од соништата е во некоја неверојатно популарна компанија. Што може да се случи е да поминеш многу време обидувајќи се да ја добиеш работата за која отсекогаш си сонувал да ја имаш, а притоа или никогаш да не ја добиеш или откако ќе се вработиш да дознаеш дека не била воопшто тоа на што си се надевал.

Мали компании и стартапи се некогаш многу подобра варијанта, особено кога станува збор за твојата прва „Tech” работа. Во мали средини ќе дојдеш многу повеќе до израз и ќе ти биде пружено повеќе внимание. Не ги избирај компаниите за кои сакаш да работиш по тоа колку им е препознатливо логото. Многу поважно од тоа да се пофалиш за популарната компанија во која си успеал да се вработиш е всушност да уживаш во тоа што го правиш.

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, нова кариера, работни услови, работни позиции, програмер, компјутерски науки, технологија.

Related Stories For You