5 процеси без кои не може еден успешен проект

Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Project Management. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Што треба да знаеш за да ги преточиш идеите во добро осмислен, издржан проект?

Процесот на работа на проект е доста сложен. Составен е од повеќе поврзани активности. Мора да имаш и одредено знаење, вештини и способности и да располагаш со соодветни алатки и техники за реализација на проектните активности.

Во продолжение се објаснети 5 главни процеси на секој проект. Исполни ги сите и успехот ти е гарантиран!

1. Иницирање на проектот

Секој проект започнува со идеја! Дозволи му на твојот тим да направи brainstorming и да биде дел од целиот процес. Потсети се на претходната лекција како да генерираш добри идеи!

За добро да се реализира идејата потребно е да се направат анализи и да се обрне внимание на одредени методи и техники. Во процесот на иницирање преку тие анализи се одредува природата и обемот на проектот.

Клучни делови од овој процес се:

Давање одговор на прашањето – што сакаме да постигнеме?

Разгледување на изводливоста на проектот

Известување за сите недостатоци и давање предлози за нивно решавање

Во оваа фаза проектот формално се одобрува, се дефинира почетниот опсег и се идентификуваат засегнатите страни. Засегнатите страни се од суштинска важност, бидејќи соодветното, односно несоодветното бирање може да го направи успешен, односно да го уништи проектот.

Раководството го избира и го овластува проект менаџерот. Па запомни – ако не си формално овластен за проектот, немаш проект!

2. Планирање на проект 

Проекти кои не се добро испланирани пропаѓаат! Главно кај планирањето е пресметување на обемот на проектот. Обемот се пресметува уште при иницијација, но во процесот на планирање се прави подетална пресметка. Тоа е всушност детална анализа, осмислување и распоредување на секоја работна задача од почеток до крај, проценка на ризик и дефинирање на критериуми потребни за успешно завршување на задачите. На кратко, дефинирај ги работните процеси и назначи соодветни луѓе кои ќе работат на нив.

rabota na proekt

3. Извршување на проектните активности

Она што е важно тука е да се следи веќе направениот план. Тоа ни помага да останеме на вистинскиот пат. Тимот си ја работи работата, а проект менаџерот ги следи и координира, а и се фокусира на одредени задачи.

Добар тим е еден од главните фактори за успешен проект. Проект менаџерот не само што го склопува и координира тој тим, туку и смислува тимски вежби. Исто така раководи со комуникациите и управува со ангажманот на засегнатите страни.

Во оваа област на извршување се троши поголемиот дел од буџетот и почнуваат да се гледаат резултатите од проектот. Скоро секогаш засегнатите страни имаат барања за некои промени. Тимот може да ги спроведе промените, но твое е да ги одобриш или одбиеш.

4. Следење и контролирање на активностите

Извршувањето на проектот може да трае со денови, недели, месеци или години, во зависност од неговиот обем и сложеност. Важно е секогаш да знаеш во кој правец ти оди проектот. Не можеш да сметаш дека секогаш ќе оди се’ по планот. Најверојатно нема. Ако мислиш дека се ќе биде ок, затоа што се ти е испланирано и не следиш цело време што се случува, проектот ќе ти пропадне! Следење и контролирање е процесот со кој што го враќаш проектот на вистинскиот пат, ги пресметуваш отстапките и преземаш мерки ако нешто треба да се поправи. Само со постојана будност, следење и известување проектот ќе ги исполни зацртаните цели.

5. Затворање на проектот!

Очигледно е што се случува во оваа фаза. Формално го затворате проектот. Звучи едноставно, но и тука треба да внимаваш. Формалното затворање опфаќа се од архивирање на целосна евиденција, до вршење на сите завршни исплати, затворање на крајниот договор, презентирање на крајниот исход, па и славење и ослободување на тимот. Се што е сработено и сите добиени информации треба да бидат архивирани за да можат да бидат искористени за некој следен проект – да не мора повторно да откривате топла вода.

Како заклучок – овие 5 процеси не е лесно да се имплементираат, но не се невозможни! Со добра организација, посветеност, тимска работа и следење на овие правила, следниот проект ќе го завршиш побрзо од колку што мислиш!

Со среќа!

ПС. Како бонус, ова ќе ти помогне со идеите.

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

rabota na proekt

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫