Дијана Лазовска е алумни од Академијата за Software Testing, која се вработи како Junior QA Engineer во компанијата Loka Inc. Таа е дипломиран преведувач по француски и англиски јазик којашто направи спој на желбата за јазиците со ИТ и смета дека оваа е најдобрата одлука која ја има донесено во животот.

 

Во продолжение си поразговаравме со Дијана за нејзиното ново работно место и нејзиното искуство како студент

 

Здраво Дијана. Пред сѐ, честитки за новото работно место!
Ние на Академијата те познаваме, но што би споделила за останатите

Здраво! Ви благодарам за убавите зборови! 
Јас сум Дијана Лазовска и сум алумни на Brainster – Академија за Software Testing. Можам да кажам дека обожавам технологија, кафе (особено во присуство на мои драги личности), долги разговори, сакам да слушам музика и да возам автомобил со музика пуштена до „даска“! 😆

Благодарение на мојата неколку годишна позадина како технички агент за поддршка на корисници и желбата за постојано лично надградување, успеав да стигнам до Brainster, а сега, и до мојата работна позиција како Junior QA Engineer. 

Сѐ  започна во моментот кога се зафатив да ги запишувам баговите првично пријавени од самите клиенти и пред да станам свесна за својот успех на тоа поле, јас веќе сама ги пронаоѓав баговите. Познавањето на јазикот дефинитивно многу ми помогна во концизното опишување на проблемот, па така, следно, добив и пофалби за моите „скоцкани” bug reports. Сѐ повеќе навлегував во самата апликација и целиот тој нов процес воопшто не ме истоштуваше, напротив, уживав и прашање на време беше кога ќе одлучам сеопфатно да се надградам себеси, бидејќи тоа што јас го правев беше само еден мал дел од цела software testing дисциплина. 

Во моментот кога се двоумев дали „сега” е вистинското време за било што, добив мејл од Brainster за бесплатен вебинар од самата Академија. Се пријавив, одлучив да му верувам на својот инстинкт and here I am. Fulfilling my dreams!

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?  

Апсолутно! 
Морам да признаам дека поради актуелната состојба со Kовид19 којашто тогаш на сите нам ни беше нешто неочекувано, бев во дилема дали е вистинското време да го ризикувам моето здравје поради моето кариерно надградување, но потоа ни беше потврдено дека предавањата и вежбите ќе бидат онлајн и ќе се снимаат. 

„Одлично” – си реков. Започнавме со предавања и сѐ течеше во најдобар ред. Организација на ниво! Се запознавме со колегите, асистентите и менторите и учевме еден од друг. Тоа беше уште еден знак за мене дека Brainster успеале да ги изберат најдобрите индивидуи коишто неуморно би се бореле за лично усовршување. Јас секогаш се мотивирам во присуство на извонредни умови!

Имавме разни предавања, дискусии, вежби. Од менторите и асистентите добивавме конструктивни критики и тоа не беше само во дадениот рок туку тие секогаш беа тука за нас. Тоа нам како студенти мислам дека ни беше од особена важност затоа што не заглавуваме на одредени чекори од задачите и не го чекавме часот предвиден за вежби. Едноставно немаше простор за изнаоѓање изговори кога некој од нас немаше домашна.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Генерално, предавањата беа доста интересни и секогаш поткрепени со факти и задачи, па така сите бевме будно вклучени во часовите, а во поглед на најголем предизвик, тука дефинитивно ќе го спомнам објектно-ориентираното програмирање бидејќи истото бара малку поинаков пристап за изучување, пристап што не е ист, пример, со изучувањето јазик. 

Благодарение на предавањата добив една генерална слика за автоматското тестирање. Посветував доста време и труд, ги прегледував видеата од предавањата, гуглав и успевав да ги завршам домашните. Се разбира дека не можам да кажам дека ООП не ми е повеќе предизвик, бидејќи сѐ  уште сум на почеток, но верувам дека со константна работа и желба, еден ден ќе успеам да го совладам. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Дефинитивно, Test Designs and Techniques. Бевме поделени во групи и пишувавме test cases. Се сеќавам со мојата група се слушавме на скајп и за една вежба потрошивме повеќе од 5-6 часа неуморно дискутирајќи за сите можни верзии. Сите велевме „Добро дечки, еве изберете една верзија и да продолжиме понатаму” и така и правевме, но секогаш се навраќавме на претходно напишаното и му изнаоѓавме уште подобра верзија. Напорно работевме, размислувавме „100 на саат“ и верувавме во естетика.

 

По завршување на Академијата за Software Testing, се вработи во компанијата Loka Inc. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?

Веднаш по завршувањето на предавањата, од Brainster добивме два многу интересни проекти на коишто учествувавме заедно со колегите. Непосредно по добиените одлични резултати од успешното тестирање го видов огласот објавен од Loka Inc. Нивните барања во целост одговараа со тоа што јас можев да го понудам. Се охрабрив и веднаш го испратив моето CV. Потоа следеше мејл со закажан термин за интервју и така започна сѐ. 

Благодарение на предавањата и вежбите, успеав максимално да го искористам своето знаење во поглед на техничкото интервју и тест. Фидбекот беше многу ветувачки и сега кога сум дел од оваа извонредна компанија, можам да кажам дека целиот труд навистина се исплатеше.  

 

Раскажи ни за твоето ново работно место? Како изгледа еден работен ден?

Loka Inc. е technology consulting компанија, со претставништва во Македонија, Португалија, Колумбија и Silicon Valley, од каде што и самата компанија потекнува. Компанијата ја сочинуваат DevOps, AI, ML и NLP инженери за дизајнирање и изградба на најразлични апликации. Поделени сме во тимови и сите работиме на различни проекти во спринтови. 

На почеток од денот заедно со тимот имаме дејли scrum состанок. Споделуваме информации за прогресот на работата и на што ќе се посвети внимание во тој ден. Овие состаноци се од особена важност бидејќи сите сме во тек со настаните и тоа придонесува до навремено завршување на задачите. 

Веднаш по состанокот се координираме со останатите членови од QA тимот и потоа јас преминувам во средување на целата документација, креирање тест сценарија, ажурирање на веќе постоечки test cases итн.  Тикетите со нови функционалности ми се омилени, а доста уживам и во пријавувањето на багови.

Морам да си го пофалам тимот со којшто работам за организираноста во работата и тимскиот дух поради кој работата оди како „подмачкана” и секој спринт е навремено и 100% успешно сработен. 

 

И за крај, што би ги советувала оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Software Testing?

Јас верував во себе и својот потенцијал, па така, сега сум дел од една прекул работна средина, имам прекрасни колеги од кои, секој ден сѐ  повеќе и повеќе се инспирирам, учам нови работи и смело ги прифаќам предизиците што доаѓаат. Велат If you do what you love, you’ll never work a day in your life”, а јас можам во целост да го потврдам тоа.

Па така, на сите ќе им препорачам да веруваат во себе и својот потенцијал. Секој којшто поседува силни аналитички вештини, е спремен на предизвици, константно самонадградување и работа во динамична средина и не треба воопшто да размислува кога станува збор за превземање големи кариерни чекори и излегување од комфорната зона.

 

Започна новиот уписен рок на Академијата за Software Testing.

Дознајте повеќе како да започнете кариера во оваа професија, преку темелната програма на нашата Академијата за Software Testing.

Побрзајте и резервирајте го вашето место на време!