Креирањето на наставната програма на Академијата за Software Testing, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Автоматско тестирање со Selenium C#, каде студентите се оспособуваат за пишување на автоматски тестови со користење на Селениум.

Фросина Трипуноска е нашиот инструктор на Академијата за Software Testing која го предава модулот Автоматско тестирање со Selenium C# и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за модулот Автоматско тестирање со Selenium C#:

 

Што се изучува на модулот Автоматско тестирање со Selenium C#?

Запознавање со автоматското тестирање, објаснување и инсталација на Selenium, алатки, придобивки, начин на пишување скрипти, односно тестови. Правила, tips & tricks, смислување на сценарија за автоматско тестирање. Разбирање на веќе постоечки тестови, наоѓање на багови преку автоматски тестови.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Студентите се оспособуваат за пишување на автоматски тестови со користење на Селениум, дебагирање на тестовите, наоѓање багови преку автоматски тестови, преточување на мануелните сценарија во автоматски тестови.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Развивање на пологички начин на размислување и гледање на проблематиките, способност за разбирање на код, способност за пишување на автоматски тестови.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

По завршување на Академијата, студентот е подготвен да започне со пракса, па и работа како тестер на софтвер во некоја ИТ компанија. Индивидуално е дали ќе сака да работи како мануелен тестер на софтвер, или ќе се насочи кон автоматското тестирање.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

Како дел од модулот за автоматското тестирање се пишуваат автоматски скрипти, односно тестови за целата тестна апликација што била мануелно истестирана за време на модулот за Мануелно тестирање. Со редовно извршување на сите вежби и домашни што се задаваат на часовите, студентите се подготвени да започнат самостојно да тестираат некоја апликација или веб страница, самостојно да пишуваат автоматски тестови за истата.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!