Запознај го Давид Алексовски – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец ноември 2022.

 

Име и презиме: Давид Алексовски

По професија: Психолог

Академија: Академија за Software Testing

Зошто баш Software Testing: Првично сакав да навлезам во IT светот, па кога ги разгледував областите во IT индустријата, Software Testing изгледаше како супер можност за ваква кариерна трансформација. Како почетник во оваа област, ми делуваше дека би можел да го совладам материјалот.

Што те мотивира постојано да учиш: Мојот став кон животот е дека постојано учиме, и без разлика на кое ниво сме, секогаш има нешто ново да се научи. Аналогно на тоа, уживам во процесот на учење Software Testing, додека целта да се биде одличен Software Tester стои во позадина.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Покрај материјалот, добиваме доста tips and tricks за како утре да се однесуваме и прилагодиме во компанијата што ќе работиме, исто и решенија за честите предизвици со коишто се соочува еден нов Software Tester.

Омилен модул и зошто: Автоматско тестирање ми беше најинтересен модул, отсекогаш ми било интересно да дадам команда на компјутер да извршува некоја работа за мене.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Катерина Крстовска

За 5 години сакам да бидам: Тестериште

Хоби: Свирење тапани, спортување.

Омилена книга: “New Earth” – Eckhart Tolle

Омилен цитат: “Our life is what our thoughts make it.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!