Запознајте го Валентин Данилоски – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец април 2022.

 

Име и презиме: Валентин Данилоски

По професија: Машински инженер

Академија: Академија за Software Testing

Зошто баш Software Testing: Отсекогаш ме привлекувала оваа област затоа што има Levels UP и имам можност да се надградувам.

Што те мотивира постојано да учиш: Само по себе ми е предизвик да учам различни области и да се надградувам, така се предизвикувам себеси и умот.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Се сетив на хакатонот којшто беше организиран од Brainster, тогаш поради притисокот и кратките интервали што ги имав за да може да најдам и пријавам повеќе багови, оттогаш почнав повеќе да забележувам грешки и на други платформи коишто ги користам секојдневно.

Омилен модул и зошто: Selenium Web Driver затоа што целиот модул беше со практични задачи, а после подолго време на Академијата имав можност да видам како функционира автоматското тестирање и сам да научам да пишувам код со тоа и автоматски да тестирам web платформи.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Катерина ми остави најголем впечаток, нејзините предавања беа интерактивни и енергични, скоро сите студенти беа активно вклучени со прашања и дискусии.

За 5 години сакам да бидам: Zen 🙂

Хоби: Планинарење, 3D моделирање и принтање.

Омилена книга: Zen Mind, Beginner’s Mind

Омилен цитат: “Еverything IS.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!