Oд хемиски инженер до програмер за време од 20 недели преку интензивна програма која сè уште е во тек. Ја прашавме Тилија што е пресудно за нејзиниот моментален успех на Академијата за програмирање. 

 

Избрана си за учесник на неделата на Академијата за Web Development. Што значи за тебе ова? 🙂

Тоа што бев избрана за учесник на неделата за мене претставува потврда за вложениот труд, показател дека сум на вистинскиот пат и мотивација за да продолжам да работам уште повеќе.

Зошто одлучи да си дел од оваа 20 неделна и интензивна програма?

Одлучив да станам дел од оваа интензивна програма од многу причини. Пресудно беше тоа што програмава е пат кон работа која би ми овозможила константно учење, што ми претставува задоволство, релативно голем избор при одбирање на работно место и добра заработувачка.

Со што се занимаваше пред Академијата?

Пред академијата правев многу работи. Паралелно студирав и дипломирав на два факултети, работев во кафулиња, дискотеки, на презентации, а во моментов работам како хемиски инженер во приватна фирма со половина работно време. Во слободно време сликам, изработувам украси и не спортувам :).

Како си поминуваш до сега на предавањата, кој дел ти е најинтересен?

Времето поминато на предавања во секој случај е квалитетно искористено, прво учам, а второ запознавам луѓе со слични интереси. Тема која ми беше најинтересна до сега се базите на податоци и независно од тоа што ќе биде во иднина, сигурно барем некој период ќе ми биде хоби да се усовршувам на тоа поле. PHP исто така ме привлекува бидејќи во суштина го доживувам како  креативна игра, нормално само ако добро ги знаеш правилата.

Што е потребно за да се биде добар програмер? 🙂

Мислам дека е излишно да набројувам особини од типот на логичар, математичар и сл. (и тоа се учи). Сметам дека е пресудно, како и за се, човек да одлучи што сака и да е спремен да направи се за да го постигне истото. Конкретно, да е спремен да учи, да знае како да учи и да наоѓа начин да се справува со себе кога едноставно не оди, без да се откаже.

Пoрака до сегашните и идни колеги програмери?

Трпение – спасение и работа, работа и само работа 🙂 

programiranje 2018

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Успешни Приказни и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za programiranje skopje, академија за програмирање скопје, академија за кодирање.