Нашите студенти на Академијата за дизајн после 7 месеци дипломираа и се претставија со своите завршни проекти. Проекти кои можат гордо да ги додадат во своите портфолија, а ние да ги споделиме со вас и да ги реализираме со нашиот партнер Colony.
Студентите работеа на завршни проекти за новата компанија Meet Colony.
Нивната задача беше да изработат дизајн на пакување, патерн и подароци.
Заедно со своите ментори се претставија со своите готови продукти изработени за реален проект.
Многу сме горди да ги споделиме завршните проекти на студентите за Академијата за дизајн и да се пофалиме со нашите thinkers и doers.







