Сега можете да принтате фотографии директно од вашиот мобилен телефон – “Производ на денот #1”

„Производ на денот“ е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските иноватори и стартапи со интересните технолошки достигнувања кои секојдневно се појавуваат низ светот. Оваа иницијатива е нa brainster заедницата.

Производ на денот #1 Prynt.

Секојдневно фотографираме десетици фотографии со нашиот мобилен телефон и никогаш не погледнуваме во истите. Тие фотографии немаат никаква вредност за нас. Prynt направија интересен производ кој го решава овој проблем. Prynt е додаток за IPhone и Galaxy паметните телефони кој ви овозможува инстант принтање на фотографиите. Производот е едноставен, го прикачувате додатокот на вашиот паметен телефон, фотографирате и фотографијата за триесетина секунди се принта. Ова можеби е најдобрата работа што и се случило на мобилната фотографија по Инстаграм. Овој уред исто така може да принта фотографии кои се веќе на вашиот мобилен уред како и фотографии од вашите социјални медиуми.


Популарни курсеви:

„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”

„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“

„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“


Исто така овој интересен уред ви овозможува да снимите кратко видео пред да фотографирате, со што ја претвара вашата фотографија во видео. Ова мора да го погледнете:

 

Тимот на Prynt почна да работи на овој производ во Јануари оваа година и релативно брзо излезе со потполно функционален производ. Првата серија од овој супер додаток за вашиот паметен телефон ќе биде пуштена кон средината на Октомври а цената за ќе биде 99 долари. Овој проект исто така направи и супер успешна kickstarter кампања каде од околу 9000 влужувачи собра повеќе од 1.5 милиони долари.

Дали вие размислувате да развиете некој ваков кул производ?

Среќно

Brainster заедницата

Related Stories For You