Предности на LinkedIn како продажна алатка

„Маркетиг алатка“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Со присуство на онлајн заедницата во секојдневниот живот, веќе станува невозможно да се игнорира влијанието кое социјалните мрежи го имаат врз продажбата. Статистички гледано, продажните професионалци кои користат социјални мрежи и лична комуникација донесуваат 16% добивка од година во година за својата компанија. Лично, како продажна алатка би ја издвоила социјалната мрежа LinkedIn. Сите сме слушнале дека LinkedIn е бизнис-ориентирана социјална мрежа. Секој корисник го креира својот професионален профил, со цел да користи некоја од базичните функционалности:

Да најде работа, да се поврзе  со своите соработници, да најде  професионални можности препорачани од луѓето во неговата мрежа. Да членува во групи од интерес на најразлични теми каде се споделуваат идеи, новини, нови алатки и слично.

Меѓу многуте функционалности на професионалната мрежа LinkedIn, јас би ја издвоила оваа мрежа како “social selling tool” #1.

LinkedIn како продажна алатка е направена да биде присутна во текот на целиот продажен процес од претпродажните активности, па се до затворање на продажбата и пост-активностите.

linkedin-recruiter-certification-get-in-get-smart-get-certified-talent-connect-anaheim-16-638

  1. LinkedIn овозможува паметно пребарување

Со таканареченото „ Напредно Пребарување “, може да се најдат потребните контакти според функција, фирма, локација, или било кој клучен збор што се содржи во профилот на корисниците. Уште подобро е што може да се одберат и критериуми како големина на компанија и ниво на функција, стаж и одговорно лице за донесување одлуки. Со користење на неколку од овие критериуми одеднаш, според профилот на таргетот, веднаш може да се дојде до клучните луѓе со кои треба да ја заклучите купо-продажбата. Доколку имате еден ден за истражување и планирање, а останатите делови во неделата се служите со агресивна продажба, повторно ви е потребен LinkedIn! Критериумите со кои се служите за пребарување, овде може да се зачуваат, па LinkedIn автоматски да ви генерира неделна листа на сите кои се совпаѓаат со вашите критериуми. Така на пример, доколку ви се потребни аутсорсинг компании за европски пазар, во регион Скопје, ги внесувате сите овие критериуми, па секоја недела добивате контакти. Ова е од голема помош нели?

  1. LinkedIn mobile app

Мобилната верзија на LinkedIn е супер алатка за зацрвстување на “face-to-face” пристапот. Сите продажни професионалци, учествуваат на најразлични нетворкинг настани, саеми, бизнис заедници, обуки и слично. При директен контакт и претставување, секој продавач веќе го создава профилот на личноста пред него. За да сте сигурни дека новиот контакт е токму оној што ви треба, и секако да се оградите од заборавање на контактот, само кажете му на потенцијалниот клиент во разговорот да ја вклучи својата LinkedIn апликација. Преку Bluetooth, LinkedIn ги пренесува информациите од еден профил на друг, точно, без никаква грешка.

linkedin-mobile-phone

  1. InMail

Секој продавач знае колку е тешко да се стигне до оние кои ги носат конечните одлуки во една компанија, посебно ако се работи за средна или голема компанија. Најчесто тие се штитат преку вработените од понизок ранг и без вистинска нивна потреба не сакаат да разговараат за други алтернативи. Упорноста да се добијат овие луѓе со многубројни повици на телефон, оставање пораки и мејлови до компаниите, сега веќе е минато! Опцијата InMail, секој корисник го прави достапен. InMail е интерен email систем на LinkedIn и им дозволува на корисниците да пратат порака до било кој друг корисник, без корисниците да се поврзани или претставени преку друга заедничка конекција. Предноста на оваа опција е што корисникот лично ја добива пораката. LinkedIn тврди дека шансите за добивање повратен одговор преку InMail се 30 пати поголеми од шансите кога се користи  кој  било  традиционален пристап.

linkedin

  1. Како да се искористат предностите на оваа социјална мрежа до максимум?

Learn.LinkedIn.com – на продажните професионалци им овозможува и едукација за како да се користат социјалните мрежи за зголемување на продажбата. Овде, освен детално објаснување на сите маркетинг/продажни можности, LinkedIn додава и некои супер насоки за креирање онлајн стратегии, насоки за одредување на темата на разговор со идеалните потенцијални купувачи и слично.

LinkedIn, дефинитивно создаде револуција во продажбата. Продавачите и купувачите станаа поотворени за комуникација, за  нови идеи и им се зголеми довербата едни во други преку LinkedIn заедниците, а оние што се на почетоците на својата кариера добија супер можност за брзо напредување поради олеснетиот пристап за создавање своја мрежа на контакти.

Среќно,
Brainster заедницaта

Related Stories For You