Гејмификација – маркетинг техниката која Starbucks ја користи

Сигурно имаш имаш испратено капачиња од некој пијалок за да учествуваш во наградна игра. Ова е чист пример за гејмификација.

Гејмификација е  маркетинг техника во која се вклучуваат елементи од игри во производот или услугата.

Наградните игри ти ја зголемуваат лојалноста кон производот. Купуваш повеќе затоа што имаш поголеми шанси за освојување на некоја награда. Самите награди те мотивираат да продолжиш да го користиш производот.

Игрите се еден од најмоќните бихевиористички мотиватори на човекот, а со примена на елементи на игра во не-игрив контекст може да се постигнат зачудувачки резултати.

Како Starbucks користи гејмификација?

Огромен број на луѓе пијат кафе. Starbucks на забавен начин ги задржува своите потрошувачи – преку својата програма за лојалност во која е застапена гејмификацијата. Еве како функционира:

  1. Корисникот се регистрира и со тоа добива “Green” статус.
  2. Со секое купување од Starbucks собира ѕвезди кои во иднина може да ги замени за одредени награди – бесплатно надополнување на пијалок, роденденски пијалоци, можност за нарачување преку апликација и слично.
  3. Со собрани 300 ѕвезди  корисникот добива “Gold” статус и со тоа добива дополнителни бенефити.

Отклучувањето на дополнителни бенефити е моментот на гејмификација.

Речиси сите Fortune 500 компании применуваат гејмификација во своите маркетинг стратегии, а во Македонија за жал многу малку од компаниите се запознани со гејмификацијата, начинот на нејзина примена и целите кои може да се постигнат.

Биди ентузијастот којшто ќе научи повеќе и ќе донесе вредност во секој тим, во било која компанија и индустрија. Совладај ја гејмификацијата преку интензивна работилница со Д-р Нина Ангеловска, ко-основач и директор на Grouper.mk кој од 2011 година успешно применува гејмификација и постигнува неверојатни резултати.

pop-up gamification kurs