Photoshop е веројатно еден од најмоќните софтвери кои се некогаш создадени. Програм која воведе револуција во начинот на кој се обработуваат фотографиите, во маркетинг светот па дури и во начинот на кој ги гледаме работите.
Повеќе од јасно ни е дека веќе речиси и не постои фотографија објавена во јавноста која не е претходно обработена во Photoshop. Затоа често на софтверот му се додава негативна конотација. Но освен ретуширање на лицата од насловните страници и намалување на облините на моделите, оваа програма има навистина многу поголема примена.
Програмата за новиот курс за Adobe Photoshop CC види ја тука.
Постојат три типа на работа во Photoshop во зависност од она што ти е потребно да добиеш како краен производ.
- Реална обработка – почнуваме од постоечка фотографија и крајниот производ треба да изгледа реалистично како воопшто да не бил обработуван (ретуширање, разубавување, поправање на фотографии од производи, поправање на фотографии кои се користат за маркетинг цели, итн).
- Екстремна обработка – почнуваме од една или повеќе фотографии и создавате уметнички дела, постери, имагинарни светови за кои е јасно дека се работи за манипулација со фотографии (најчесто за создавање уметност или пренесување на некоја порака, нели една слика вреди 1000 зборови).
- Компјутерска графика – почнуваме од празен лист, на кој цртаме и комбинираме најразлични елементи (флаери, постери, концепт арт, веб дизајн, мокапи, итн.).
Photoshop & Web Design
Се повеќе и повеќе веб дизајнери користат Photoshop во нивните проекти и тоа не само како алатка за правење мокапи на сајтовите туку ја користат и можноста на програмот да експортира материјали кои дирекно можат да се користат во програмите за веб програмирање, како Dreamweaver и слично. Во последно време дури постои и опција матријалите дирекно да ги префрлите од Photoshop во WordPress како нова тема.
Photoshop & Photography
Доколку си фотограф познавањето на оваа програма е задолжително. Без разлика што фотографирате: модели, природа, пејсажи, итн. Можностите кои ви ги нуди оваа програма навистна ќе го подигне квалитетот на вашите фотографии за неколку нивоа. Преку реална обработка на фотографиите се добиваат фотографии кои инаку многу тешко би ги добиле само со употреба на фото апаратот.
Photoshop & Blogging
Голем дел од блогерите денеска го користат овој софтвер за да создадат соодветни фотографии за нивниот блог. Често токму тие фотографии се поврзуваат со Pinterest и носат голем дел од посетите на нивната блог веб страница.
И уште една работа што треба да ја запомниш за оваа програма е тоа дека единствената граница е твојата имагинација.
Доколку сакаш да ги совладаш техниките во Adobe Photoshop, биди дел од новиот курс.