Зоран Ордев: Слушај што имаат да кажат твоите клиенти

Зоран Ордев го запознавме на курсот за Дигитален Маркетинг, голем ентузијаст кога станува збор за дигитален маркетинг и учење нови вештини!

Здраво Зоран! Кажи ни нешто повеќе за тебе 🙂 

Здраво Brainster!!! Јас сум Зоран Ордев, инаку пред 10-ина години дипломирав хортикултура на Факултетот за земјоделски науки и храна. После дипломирањето работев во неколку приватни фирми, а веќе 8 години работам и градам кариера на проекти кои се финансирани од Европска Унија.

Основач сум на Hortikultura.mk – првиот интернет магазин за хортикултура, пејзажна архитектура и дизајн на градини во Македонија. Во слободно време работам како Content Writer & Copywriter и како ново хоби секако, ми е дигиталниот маркетинг. Спортот ми е пасија, а гледање филмови уживанција..

Беше дел од курсот Дигитален Маркетинг. Кои три работи ти беа фасцинантни?

Бев дел од курсотДигитален Маркетинг – Практични вештини“, и секако сѐ би било џабе доколку немаш добар инструктор, а како најдобар инструктор се покажа Петар Ниновски, којшто на многу елегантен и професионален начин ни ги доближи тајните на дигиталниот маркетинг. Поради него уште повеќе се заинтересирав за дигиталниот маркетинг. Секако, најмногу ме фасцинираше E-mail маркетингот, Facebook маркетингот и Guest Blogging-от. Комбинацијата од овие 3 компоненти  го прави онлајн маркетингот посебно интересен за работа, а да не ги заборавам и сите бесплатни алатки кои се доста ефикасни за почетници.

Како ќе го примениш стекнатото искуство во твојот бизнис? 

Отсекогаш ме интересирала старт-ап сцената и претпримништвото. Би сакал во скоро време да го применам сето знаење што сум го стекнал во мојата кариера во нешто свое, каде би го вложил сиот труд и би ги реализирал сите идеи кои долго време ми се вртат во глава. Прв чекор беше основањето на Hortikultura.mk, којшто веќе си го најде своето место на интернет просторот и создаде солидна публика на редовни посетители, а растот е неминовен во вакви случаеви. Токму искуството што го стекнав преку Brainster, планирам да го имплементирам на мојот портал. Во иднина ќе следуваат уште многу интересни проекти и иновации за кои јавноста допрво ќе слушне.

Според вас, кои се клучните моменти за успех на еден бизнис?

Работа, упорност, трпение, иновации…тоа се основите на секој успех!  Не се труди да бидеш најдобар, туку да бидеш прв. И секогаш слушајте што имаат да ви кажат вашите клиенти, бидејќи без нив и нашиот бизнис нема да постои.

На кого би ја препорачал оваа обука?

Веќе ја препорачав на сите мои пријатели 😀 Ја препорачувам и на сите оние кои мислат дека е касно да започнат нешто ново, а забораваат дека доколку не се доусовршуваат стануваат неконкурентни на пазарот на труд.

Новата група стартува на 6ти ноември – информирај се повеќе тука.

 

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА