Елена Ристовска од Vip – Нашиот инструктор за Public Relations

Луѓето повеќе не купуваат услуги, поради услугата. Купуваат услуги поради приказната, магијата, цврстите односи кои ги градиш со нив. PR-от не треба да го гледаш како последен џокер, треба да го заслужиш! 🙂 Што ни спреми Елена Ристовска на новиот курс за PR?

Елена, долго време се дружиме во Brainster. Освен што си инструктор на Kурсот за PR и предавач на Академијата за Маркетинг, што друго ќе ни кажеш за тебе?

Во светот на ПРот сум повеќе од 8 години, буквално од клупа бев фрлена во оган. Во тој период имав можност да работам со едни од најголемите компании во Македонија и да бидам дел од градењето на нивните приказни. Но, покрај работата тука имав можност во период од 1 година додека бев на постдипломски студии во Милано да работам и на реални проекти на компании како што се Coca Cola, Henkel, Loreal, Barilla и многу други. Самиот мастер по корпоративни комуникации беше креиран во насока на наставна но и практична работа со цел реално осознавање на тематиката. Концепт кој го практикува и Brainster и кој особено го поддржувам.

Од неодамна си Head of Corporate Communications во Vip. Кажи ни како го менаџираш времето за да постигнеш сè во денот? Како изгледа еден твој работен ден?

Пред да започнам во Вип од Човечки ресурси ме “предупредија” дека работата во Вип е како возење со ролеркостер. Мојата реакција беше “Екстра”, тоа е она што му треба на мојот темпарамент. Еве веќе 1 месец како сум тука и доста е динамично, но ентузијазмот кој го носам во себе е поголем од било која динамика така што верувам дека ова е вистинското место за мене. Веќе зпочнавме со многу активности, го имавме и првиот прес а наскоро организираме и голем настан. Тимот во кој дојдов е супер така што верувам дека спроведувањето на комуникациската стратегија ќе биде успешно.

Што ќе научат учесниците на новиот курс за PR и што ќе научат со тебе?

Желба да научат нешто повеќе за PR-от и корпоративните комуникации преку реални примери. Она кое што Вип го работи од аспект на интерни и екстерни комуникации е доста напредно и модерно бидејки е дел од голема групација па така учесниците ќе можат одблиску да слушнат за активностите кои се спроведуваат.

PR-от секогаш ќе остане клучна алатка за една компанија. Ако замислиме свет каде компаниите не посветуваат внимание на PR, како би изгледал?

Тоа е како да ги произведувате највкусните колачи на светот а за тоа да знаат само вашите соседи. Зошто, кога може да дознае целата земјина топка. Доколку имате приказна вредна за споделување, PR-от е must.

Сподели ни искуство од Курсот за PR, кој го посетува најчесто?

Курсот за PR досега го одржавме неколку пати и структурата на групите е секогаш различна. Сме имале студенти кои студираат Односи со јавност но сакаат малку повеќе да дознаат од практичната, професионална страна на областа. Потоа, учесници кои започнуваат свој бизнис, па сакаат да дознаат како да ги применат односите со јавност во своја полза, новинари кои се од другата страна на односи со медиуми, до програмери кои едноставно ги интересира што е PR ?

Во која насока оди PR индустријата во Македонија?

Кога правам паралела меѓу тоа што се случува денес и пред 8 години, многу работи се променети. Тргнуваме од каналите за комуникација кои некогаш беа насочени кон традиционалните медиуми а денес 90% од информирањето оди преку интернет. Понатаму, доста е сменета свесноста на компаниите за PR-от, во минатото ретко која компанија преземаше активности од овој тип а сега се повеќе се обрнува внимание, доста PR агенции се отворија а и компаниите вработија лица за PR.

wordpress-2

 

Related Stories For You