Овој текст е напишан од Цветанка Бурзевска, Марија Трајковска, Сања Тодоровска и Ѓорѓе Ѓорѓевиќ, студенти на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster.
Живееме во динамична средина со ограничено време и ресурси. Постојано се бараат нови луѓе, постојано се прават интервјуа и се евалуира работата на вработените. Работата на HR менаџерите никогаш не завршува.
Денес постојат голем број алатки кои можат да ти ги олеснат секојдневните работни обврски. Компатибилни за iOS и Android, креирани за да ти помогнат во зголемување на продуктивноста и ефикасноста.
1. LinkedIn
Една од најпопуларните социјални мрежи на денешницата со повеќе од 500 милиони корисници, LinkedIn е бизнис ориентирана социјална мрежа која ги поврзува професионалците во целиот свет.
Токму тука може да пронајдеш и регрутираш илјадници луѓе. За оние кои бараат работа, LinkedIn нуди можност за споделување на твоето CV и постојано обновување на истото.
2. Hootsuite
Една од најпознатите платформи за менаџирање на социјалните медиуми е Hootsuite. Ти дозволува лесно да ги менаџираш активнoстите на социјалните мрежи на твојата компанија на едно место – Twitter, Facebook, Instagram, YouTube и Google+.
Со помош на оваа алатка можеш да ја зголемиш социјалната активност на компанијата, да ја прошириш својата мрежа и да се поврзеш со други HR менаџери. Hootsuite овозможува да бидеш дел од дискусии поврзани со твојата индустрија.
3. Feedly
Со Feedly апликацијата добиваш сè на едно место. Собираш онлајн постови од повеќе различни извори кои потоа можеш да ги складираш и средуваш како што ти одговара. Биди во тек со сите новости поврзани со HR индустријата.
4. Slack
Slack стана синоним за чет апликација во компаниите. Овозможува да направиш групни чет канали, а нуди и можност за праќање на дирекни пораки. Slack има 8 милиони корисници на дневно ниво. Олесни си ја комуникацијата со оваа алатка.
5. Trello
Trello е одлична алатка за проект менаџери која овозможува визуелизација на сите проекти преку дигитални табели. Сите колеги може да го следат процесот на работа и да оставаат свои коментари.
6. Google Drive
Добро познатиот Google Drive овозможува пристап до сите твои документи, презентации, фолдери, на едно место, без да зафаќаат простор на твојот хард диск. Без разлика дали си во канцеларија или на пат, имаш пристап до твоите документи преку било кој компјутер или мобилен телефон.
7. UberConference
UberConference е платформа за конференциски разговори. Може да се видат сите учесници во разговорот. Компатибилна е за компјутер и за мобилен. Овој софтвер може да се користи и за интервјуирање на потенцијални кандидати за работа.
8. DocuSign
Кога си надвор од работното место, немаш секогаш пристап до принтер. DocuSign ти дава можност за електронски потпис. Со оваа апликација може да праќаш дигитално потпишани документи каде и да си.
9. Toggl
Сакаш да знаеш колку време поминуваат твоите вработени на одредени работни задачи? Тогаш пробај го Toggl. Оваа апликација дозволува пресметување на работните часови на вработените, а потоа генерира извештаи базирани на сработените задачи.
Оваа апликација е одлична доколку сакаш да знаеш како најдобро да ги координираш твоите вработени.
10. Headspace
Ти како менаџер си најдобар пример за тоа како квалитетно треба да се троши и онака краткото слободно време на работа. Headspace ти дава совети за правилна медитација, ослободување од стресот и уживање во денот. Оваа апликација е за секој, без разлика на позицијата во компанијата.
Курсеви кои би можело да те интересираат:
Курс за IT проектен менаџмент
Курс за IT продуктен менаџмент
Овој текст е објавен во категоријата Дигитална Трансформација и ги содржи следните клучни зборови: апликации, човечки ресурси, компанија, обука за дигитален маркетинг, менаџер, вработени, социјални мрежи, бизнис алатки, комуникација, дигитална трансформација.