Нови Pop-up курсеви: Дојди на курс (на кафе) и научи 1 вештина за 1 ден

Денес ги лансираме еднодневните Pop-up курсеви, на кои можеш да научиш 1 вештина за 1 попладне.

Дигиталната ера расте со брзо темпо, па решивме да воведеме нов концепт – focused learning.

Замисли да учиш една нова вештина, секоја недела?

Еднаш неделно, во нашите нови канцеларии, ќе организираме работилници со времетраење од 4h. Сакаме по завршувањето, да понесеш нешто дома – темплејт, практична вештина, концепт, идеја. На тебе оставаме дали со она што ќе го научиш кај нас, ќе го лансираш следниот најлуд стартап или пак ќе започнеш да ја работиш работата од соништата.

Како изгледа еден Pop-up курс?

Со оваа програма се фокусираме на едуцирање во различни дигитални области кои се во моментов актуелни. Целта е преку практични примери и интерактивни сесии со нашите најдобри инструктори за 1 попладне да:

✓ Научиш 1 вештина
✓ Запознаеш нови луѓе и размениш идеи
✓ Останеш во тек со дигиталните трендови
✓ Заштедиш време преку ефикасно учење
✓ Се инспирираш за следниот твој голем проект
✓ Откриеш во што си добар

За кого се наменети Pop-up курсевите?

За сите кои сакаат да стекнат практични вештини од областа на маркетинг, бизнис, програмирање и дизајн, брзо и ефикасно. За професионалци, студенти, индивидуалци или за компании.
Компаниите ќе имаат можност месечно да ги претплатат своите вработени за овие предавања и да им подарат по 1 нова вештина секоја недела.

Започнуваме со:
1. Pop-up курс: 3 продажни техники со Петар Лазаров

2. Pop-up курс: Напиши го твојот прв код – HTML & CSS за почетници

3. Pop-up курс: 5 Growth маркетинг техники со Петар Ниновски

Дојди на кафе на курс и стекни ја вештината која ти треба за 1 попладне!

Регистрирај се

 

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫