Маја Билјановска: WordPress е идеален почеток за сопствен сајт

Имаш идеја која може да се оствари онлајн? WordPress e твојот билет до крајната дестинација.

Си помуабетивме со Маја од минатиот курс за WordPress, како го изгради нејзиниот прв сајт на оваа платформа!

Која е Маја и зошто реши да биде дел од курсот за WordPress?

Маја е 25 годишна економистка, која што има голема пасија за глума, мода, блогерство, фотографија и патување. Се запишав на курсот за WordPress, бидејќи отсекогаш сакав да ги спојам моите пасии во една целина, и сфатив дека за тоа да го сторам идеалното решение е да создадам свој блог. Од другите социјални медиуми генерално дознав дека WordPress како платформа е идеална за почетници, кои сакаат да создадат нешто свое.

На што работиш моментално? Како ти помагаат вештините во WordPress?

Моментално работам на својот блог itsmayabilyan.com, кој ги вклучува сите мои горе наведени пасии. Многу работи што ги научив во текот на курсот по WordPress ги применив во создавањето на мојот блог и во понатамошното одржување на истиот. Тука спаѓа се од креирање на бази на податоци до целосен функционален сајт, инсталирање плагини, теми, пишување на содржина, изглед на сајтот итн.

Зошто го избра токму WordPress како место и платформа каде ќе можеш да креираш нови работи?

За почеток Instagram беше платформата за моите фотографии, но сакав нешто повеќе од тоа. Затоа решив да најдам нова платформа која што ќе ми овозможи да постирам слики и статии. Се одлучив за WordPress бидејки имав слушнато за делот: не мора да си информатички образован премногу за да научиш како да го користиш. Јас бидејки сум економист од депратман е – бизнис имам ограничено познавање за кодирање, CSS и HTML. Затоа WordPress како платформа е идеална за некој како мене.

Неколку работи кои ти беа фасцинантни на курсот и инстант ги примени? 🙂

Курсот како целина ми беше фасцинантен сам по себе. Многу долго барав курсеви од овој тип, но никако не можев да најдам. Бидејки долго време си имав зацртано дека сакам да создадам блог, а не знаев од каде да почнам курсот за WordPress ми овозможи идеален почеток. Исто така за време на траењето на курсот ми се допадна тоа што се треба да знае еден човек за WordPress како платформа, пред да го создаде својот сајт,  што беше опфатено во курсот. Се на се можам да кажам дека курсот мене лично многу ми помогна и при создавањето на мојот блог, но и сега. 🙂

Сакаш да ги совладаш најновите вештини во WordPress? Програмата за новата група види ја тука.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.