Александра Томевска oд курсот за Продажба со Петар Лазаров

Пресреќни сме кога млади индивидуалци како Александра Томевска ги користат практичните вештини и неформалните техники на учење за напредување во кариерата. Како една од најпосветените на нашите курсеви, го споделува искуството од курсот за Продажба и Онлајн Маркетинг.

Здраво Александра, кажи ни нешто за тебе!

Најпрво би почнала со формалното образование, завршив на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, но постојано пробував да се надградувам и преку неформално образование. Страста за економијата ми се роди уште во средношколските денови и решив да ја следам. Пред самото завршување на факултетот се вработив во компанија за производство и трговија на домашен текстил Син Аг ’95, поточно во секторот за продажба и маркетинг каде што се пронајдов и секојдневно се предизвикувам.

До сега беше дел од Курсот за Продажба и Курсот за Онлајн Маркетинг. Зошто го одбра Brainster?

Се трудам постојано да бидам во чекор со настаните и новитетите во областа на маркетингот, продажбата и човечките ресурси и така за прв пат се сретнав со Brainster. Понатаму, откако се вработив главна цел и обврска ми е да го проширам и унапредам секторот за продажба и маркетинг и почнав да истражувам курсеви и обуки и се’ водеше кон Brainster. Се информирав преку колеги, пријатели…сите имаа пофални зборови со искрени препораки. 🙂

Неколку работи кои ти беа вистинско откритие во Brainster? 🙂 По што ќе ги паметиш овие курсеви?

Курсот за Онлајн маркетинг со Петар Ниновски преку практична работа на реални проекти ми откри апликативни и корисни алатки кои од тогаш па навака се трудам постојано да ги користам и имплементирам и кои не само што ми ја олеснуваат работата туку покажуваат резултати. Курсот за Продажба со Петар Лазаров ме инспирираше да навлезам подлабоко во областа на продажбата. Се уште се сеќавам на неговите зборови и примери, профилите на купувачи и самиот процес на продажба. Најголем впечаток ми остави начинот на кој инструкторите несебично и безрезервно го пренесуваат своето знаење.

Како ти учиш нови вештини?

Првата работа што ја правам е поставување на цел за тоа што ме предизвикува, потоа пронаоѓам некој креативен и интересен начин да го направам тоа, претпочитувам тоа да биде споделенo со пријатели и луѓе кои ги делат истите интереси. На тој начин гледањето TED видеа, документарци, читањето книги, одењето на курсеви станува интерактивно, забавно, а воедно се споделуваат искуства и мислења од кои секогаш се учи.

Каде се гледаш на кариерен план во иднина?

Ме влечат маркетингот и продажбата, ме прават да бидам креативна, да бидам своја и секогаш да трагам и целам за нешто повеќе. Комуникацијата и опкруженоста со различни луѓе, како и слободата да пронаоѓам нови решенија ми овозможуваат пристап до нови информации и тоа ме мотивира. Така да во иднина се гледам некаде во областа на маркетингот и продажбата.

https://brainster.co/courses/patot-na-kupuvachot-na-prodazhba-vo-5-chekori-

Related Stories For You