Наташа Ставревска ја запознавме нa Курсот за Онлајн Маркетинг на Петар Ниновски, и иако веќе работи дигитален маркетинг секогаш е подготвена за учење нови вештини преку практични примери. Сепак тоа е одлика на сите успешни тимови, нели?
Наташа, кажи ни нешто за тебе, со што се занимаваш?
Здраво Brainster-и! 😀 Јас сум Наташа, студент на Економскиот Факултет, департман Е-бизнис во Скопје. Воедно, веќе некоевреме сум дел од тимот на дигитален маркетинг во Qpick, нова мобилна апликација за онлајн шопинг која се лансираше на 14 февруари. Ја сакам природата, уживам во музиката, обожавам да планинарам и да патувам.
Како заврши во Brainster, зошто реши да го слушаш курсот за Онлајн Маркетинг- Практични Вештини?
Курсот за Онлајн Маркетинг го дознав преку фејсбук, се појави точно на време! 🙂 Го избрав овој курс со цел да ги надоградам моите знаења. Голема благодарност до Петар, за одличното предавање.
Кој дел од 4 дневниот курс ти беше најинтересен? Што ново научи? 🙂
Најинтересен дел ми беше маркетинг на социјалните медиуми, посебно фејсбук рекламирање, каде што преку реален проект Петар не научи на клучните чекори, како да креираме различни типови на огласи, да ја таргетираме нашата публика, избор на одлична фотографија, избор на текст и сл. Исто така и Growth Hacking, каде што научивме како да привлечеме корисници пред да го лансираме производот.
Како би го применила знаењето што го стекна?
Како што кажав, работам како дигитален маркетер во Qpick, нова иновативна мобилна апликација, која ќе им помогне на бизнисите ефективно рекламирање со паметни дигитални флаери, а на корисниците можност да дознаат и откријат промоции од омилените брендови уште пред да стигнат до продавницата.
Знаењето со кое се стекнав веќе почнав да го применувам тука, каде што се залагам за нашиот продукт и следејќи ги советите од Петар, знам дека далеку ќе стигнеме! 🙂
Како секојдневно учиш нови работи?
Секојдневно учам нови работи и се запознавам со нови нешта, од секој кој поминува низ мојот живот, преку нови предизвици, нови искуства и со мнооогу читање 🙂
