Како еден маркетинг менаџер може да примени PR стратегија во своето работење? За сите што немавте идеја, Елена Дамњановска ќе го сподели нејзиното искуство по курсот за Public Relations.
1. Kажи ни нешто за тебе!:)
Јас сум Елена Дамњановска, пред мнооогу години дипломирав Маркетинг на Економскиот Факултет во Скопје. Животот ми е спорт, па дури и маркетингот го работам во сферата на спортот, како маркетинг директор во КК МВП Скопје. Поранешна кошаркарка, сегашна љубителка на тој спорт.
2. Сподели некој совет за успешна кариера со нас. Што правиш ти на дневна база за да напредуваш?
Информираност. Сметам дека на работното место секој треба да вложува енергија без да се штеди, секојдневно да учи нови работи и да купува знаење од секој соработник. Да биде со позитивен став кон секојдневните случувања , а со тоа “на нозе”да се соочи со секој нов предизвик.
Всушност….ова е тоа што јас го правам на дневна база 🙂
3. Беше на курсот за Public Relations. Како си помина? Што ти се допадна најмногу?
Дефинитивно, квалитетни 3 дена. PR е тема која што ми беше малку позната и не сум ја работела, знаев само една факултетска дефиниција за PR. Меѓутоа, Елена како инструктор успеа многу лесно и едноставно да ни го разјасни поголемиот дел од активностите кои спаѓаат под PR. И да, супер екипа сте навистина, целиот тим што работите во Brainster 🙂
4. Awww, фала ти! 🙂 Како го применуваш она што го научи?
Во мојата моментална работа, најмногу ги користам соопштенијата за медиуми кои научив како правилно се пишуваат за време на курсот.
5. Кој е според тебе најефикасниот систем на учење?
Само со реални примери од секојдневието. Основата секогаш е теоретска, но сите кејсови што ги работевме за време на часовите, ни ја открија комплексноста на PR-от !
Овој текст е објавен во категоријата Успешни приказни и ги содржи следните клучни зборови:
Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za internet marketing skopje. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za seo, digitalen marketing skopje, makedonija. obuka za seo, обука за search engine optimization, kurs za search engine optimization.kurs za seo skopje, курс за search engine optimization.