Кристина беше дел од нашиот интензивен курс за Microsoft Excel во Brainster. Како личност што постојано работи на своите вештини, го споделува искуството и ни кажува како се стекна со потребното практично знаење во овој програм.

 Кристина, што ќе ни кажеш за тебе?

Имам 29 години и сум правник по професија. Во потрага по работа од соништата, веќе две години работам како деловен асистент во ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл – приватна компанија за услуги од повеќе области на градежништвото, енергетиката и животната средина. Во слободно време како и секој млад човек обожавам да патувам, понекогаш спортувам, се случува да прочитам и некоја книга и во последно време сум заангажирана во пронаоѓање и истражување на образовни курсеви од различни области.

Како Курсот за Excel се поврза со твоите работни обврски?

Системот на компанијата во која моментално работам, а верувам дека и на секоја компанија, изискува вработените да имаат, во најмала мера, основно познавање на функциите на Excel со цел ефикасно извршување на своите обврски без оглед на работната позиција. Конкретно, моите тековни обврски вклучуваат активности како: собирање и анализа на податоци, изготвување на прегледи во форма на табели и графици, водење Е- деловодник преку пополнување на Excel образец и слично.

 Зошто го избра овој интензивен курс?

Покрај препораките од задоволни пријатели кои го посетиле курсот, пресудно во одлуката за овој интензивен курс беше достапната цена на чинење во корелација со одлично конципирниот материјал што е предмет на курсот. Сега по завршување на предавањата слободно можам да кажам дека курсот целосно ги исполни моите очекувања и за релативно кратко време се стекнав со потребното знаење во однос на функциите и алатките на оваа значајна програма.

Како ти напредуваш на професионален план?

На професионален план, по завршувањето на постдипломските студии за деловно право, положив правосуден испит кое претставува вообичаен начин на заокружување на образовниот процес карактеристичен за правничката професија. Наспроти формалното образование, напредокот на професионален план, како процес, во моментов и во иднина го гледам преку облиците на неформално учење. Првиот мој преземен чекор во реализација на тој континуиран процес, всушност, е запишувањето и успешното завршување на Excel курсот во Brainster и убедена сум дека нема да биде и последен. 🙂
 Новата програма за овој курс можеш да ја разгледаш тука.

Related Stories For You