Она кога на табелите и анализите можеш да им дадеш целосно нова димензија – со цел максимална ефикасност на работното место!
Симона беше дел од курсот за Microsoft Excel, и преку 4 брзи прашања дознавме за нејзиното искуство.
Датумите за новата група види ги тука.
Што ќе ни кажеш за тeбе Симона?
Јас сум Симона Тодороска, вработена вo GEING Krebs und Kiefer International веќе две години – приватна компанија за услуги од областа на рударство, заштита на животна средина, хидротехника, патна инфраструктура, геотехника. Во слободно време уживам да гледам фудбал, кошарка, тенис, ракомет, мото ЏП, практично секој спорт :)), но најмногу фудбал. Навивач на АЦ Милан и МЗТ! :))
Зошто баш Brainster во потрагата по нови вештини?
Подолго време размислував да посетам Курс за Еxcel, бидејќи на работното место секојдневно го користам и сакав да го збогатам своето знаење. Да биде нешто повеќе од она основно познавање за да можам поефикасно да ги решавам зададените работни задачи. Конкретно се решив за Brainster бидејќи беше препорачан од неколку колеги кои што го посетиле овој курс и кажаа доста пофални зборови за истиот :))
Како Microsoft Excel се вклопува во твоите професионални ангажмани и секојдневната работа?
Бидејќи во компанијата работам во сектор проектирање и моите тековни обврски вклучуваат најразлични анализи за тековни и завршени проекти, изготвување на прегледи во различни табели, планирање и реализација во форма на графикони и слично, Excel комплетно се вклопува во моето работење.
Што научи од инструкторот Ѓурчиноски што ќе го памтиш долго после курсот?
Пред се да кажам дека сум навистина задоволна од инструкторот Александар и од предавањата. Научив многу работи и го надополнив знаењето за Еxcel. Би ги издвоила многубројните формули кои што ги применувам секојдневно во работата и ми олеснуваат во процесот на изработка на табели и анализи.