Дарко е дел од тимот на МКхост, и често го гледаме во Brainster, трагајќи по нови вештини. Ќе ви сподели како курсот за Google Ads му помогна во секојдневната работа со цел поголем перформанс! 🙂
1. Здраво Дарко, кажи ни нешто за тебе 🙂
Како човек што од најмала возраст се интересира за медиуми, маркетинг и комуникации, особено сум горд и среќен што со текот на годините ова прерасна во мојата професионална окупација. Дипломирав на департманот е-бизнис на Економскиот факултет, и сум дел од тимот на најголемиот македонски хостинг провајдер, МКхост. Уживам да правам работи кои ме инспирираат, почнувајќи од долги пешачења низ Скопје, па сè до собиранки со пријателите, колегите и фамилијата.
2. Колку време си дел од тимот на МКхост, на што конкретно работиш?
Повеќе од две и пол години сум задолжен за онлајн маркетингот во МКхост. Тоа подразбира интегрирање на неколку онлајн канали (Google, Facebook, Twitter, LinkedIn, емаил маркетинг…) и анализа на перформансите од секој од овие канали поеднинечно.
Мојот омилен дел од работата се токму овие анализи, каде константно излегуваат интересни и неочекувани резултати. Од овие анализи потоа правиме и истражувања за нашата долгорочна стратегија на пазарот, со цел да останеме една од најдобрите компании во Македонија кога станува збор за поддршка за корисниците, како и да им го нудиме постојано она што им е потребно.
Најновиот амбициозен проект кој го направивме, и за кој ни помогнаа токму и овие курсеви од Brainster, е MKhost Premium, продукт кој нуди целосно веб решение за малите бизниси во Македонија.
3. Имаш посетено неколку курсеви кај нас, меѓу кои и курсот за Google Ads. Зошто го избра овој курс?
Google Ads е дефинитивно најпредизвикувачката алатка за онлајн маркетинг за мене. Константната борба за зголемување на процентите на CTR (click through rate) и на conversion rate… Комбинациите за пронаоѓање на идеалните клучни зборови и пораки за рекламирање… А потоа и барање на соодветните ремаркетинг методи… Сето ова е динамичен процес.
Тоа подразбира дека постојано е потребно едуцирање и следење на трендовите. За таа цел, нема подобра шанса, отколку да се запознаеш и да работиш заедно со луѓе кои ги интересира истата оваа тематика, а курсевите на Brainster се идеални за таква атмосфера.
4. Што научи за Google рекламирањето? Кои три работи ти беа вистинско откритие?
Со Google Ads секогаш доаѓаат и некои мистерии кои го следат. Она што го прави овој курс одличен и за луѓе кои веќе имаат познанство од Ads, освен за почетници, е можноста да се вратиш на базичното и да размислиш подетално за сите промени кои можеш да ги направиш. Оттука, доста интересни ми беа сесиите и дискусиите за quality score на Google, тактиките за approval на кампањите, како и поврзувањето со Google Analytics.
5. Неколку причини зошто еден бизнис треба да користи Google Ads?
Ако зборувам конкретно за МКхост, можам да кажам дека квалитетниот органски SEO, заедно со рекламите на Google AdWords ни донесоа добитна комбинација која е недостижна од другите онлајн маркетинг канали кога станува збор за привлекување на нови корисници.
Ги охрабрувам сите кои се двоумат дали да започнат со рекламирање, да направат за почеток едно мало тестирање, по кое сами ќе ги видат резултатите.
6. На кој се му е потребно Google рекламирање?
Дефинитивно, за старт, на секој бизнис кој продава онлајн. Наместо вие да ги барате клиентите, тие ќе ве пронајдат вас. Резултатите се гледаат во реално време. Google Ads (заедно со Facebook Ads) се убедливо најсовремени онлајн алатки кои даваат прецизни резултати кои се одлични и за анализа на долготрајноста и трендот на еден бизнис.Освен тоа, Google Ads е одличен и за brand awareness, со тоа што за оваа цел, моја лична препорака е повеќе да се користи делот за Google Display како маркетинг форма.