Раде Павлов – Со Excel до поедноставни анализи на работното место

Со секоја научена вештина си чекор поблиску до подобра кариера или до зголемен перформанс на работното место! Го прашавме Раде како си помина на курсот за Microsoft Excel кој заврши минатата недела.

Здраво Раде, како стигна во Brainster? 🙂

Brainster го запознав преку пријатели и аплицирав многу едноставно и брзо преку нивната веб страна.

Беше дел од курсот за Microsoft Excel. Раскажи ни повеќе за ова искуство.

Иако мислев дека имам добра основа за Excel, секојдневно се соочував со нови работи, поголема ефикасност и нови корисни функции и формули. Александар е млад предавач, кој со практична програма и многу опуштена атмосфера успеа да не задржи цел месец без отуство од ниеден час.

На кој сè може да му користи оваа програма?

Буквално на секој. Бевме мешана екипа, од најразлични професии, и најразлични возрасти, кои покрај практичната примена на оваа супер програма, остануваме побогати за уште неколку пријатели плус. Браво за младата екипа на Brainster и само напред.

Ти благодариме! Што ти беше најфасцинантното нешто од овој курс?

Најфасцинантно нешто сè уште ми е како е осмислен Excel, со сите можности и функционалности, на едно место. Особено што со правилна примена може да се олесни секојдневното работење, преку правење едноставни анализи.

Како вештините во Еxcel ги комбинираш на работното место?

Материјалот на курсот е прилагоден со многу чести примени од секојдевното работење, полн погодок. И покрај тоа што сите системи на кои работам, генерираат автоматски извештаи и во Excel, често сакам да направам прилагодени анализи. Сето тоа е многу поедноставно сега, со оваа алатка.

microsoft excel skopje

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.