Овој текст е напишан од Цветанка Бурзевска, Марија Трајковска, Сања Тодоровска и Ѓорѓе Ѓорѓевиќ, студенти на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster.

 

Комуникацијата има две дополнителни функции: Да делегира информации до вработените кои се потребни за завршување на задачите, и да гради цврсти врски.

Доколку сакаш нормална работна средина, потребно е да имаш добра комуникација.
Придобивките од одлична комуникација на работното место се многубројни. Бизнисите кои имаат отворен канал за комуникација имаат попродуктивни и полојални вработени.

Еве 5 совети кои ќе ти помогнат да ја подобриш комуникацијата во твојата компанија:

 

1. Гледај на твоите вработени како на луѓе

obuka za digitalen marketing

Сите сме имале стресови на работа. Ако си менаџер, треба да им покажеш на вработените дека се грижиш за нив. Прашај ги како им поминал викендот. Твоите вработени ќе се чувствуваат ценети и ќе бидат позадоволни на своето работно место, а тоа ќе резултира со зголемена продуктивност.

2. “Open door” policy

Дали имаш “open door” policy? Докажи го тоа. Даj им до знаење на вработените дека тие се приоритетни и дека ќе направиш сè што треба за да ги задржиш. Нема подобро објаснување за “open door” policy од буквално отворена врата. Затворената врата е одбивна, додека отворената врата повикува на разговор.

 

3. Анонимен фидбек

obuka za digitalen marketing

Да бидеме реални, разговорите не секогаш се позитивни. На многу од вработените им е незгодно да се пожалат на своите шефови без разлика на проблемот, дали е тоа менаџирањето, проблем со колега, или пак било која друга промена која би сакале да ја видат на работното место. Потребно им е место каде што ќе можат да се изразат слободно, без страв.

4. Давај кратка и јасна критика.

obuka za digitalen marketing

Најдобро е да бидеш што е можно појасен, пократок и поконцизен. Добро е да користиш примери кога даваш конструктивна критика на некој од вработените. Никогаш не му кажувај директно на вработениот работи од типот на „Ти денеска не беше продуктивен доволно“, бидејќи ова може да донесе само намалена продуктивност, лутина и тензија кај вработениот.

Наместо тоа можеш да кажеш „Забележувам дека не ги запазуваш роковите за проектите, дали е се во ред? Дали може некако да ти помогнам да го решиме тоа заедно?“ Бирај ги внимателно зборовите за твоите вработени да се чувствуваат ценето.

5. Користи добри алатки за комуникација

obuka za digitalen marketing

Ако знаеш како да ја олесниш комуникацијата, на едноставен и забавен начин, ќе создадеш пријатна работна атмосфера. Користи алатки за комуникација како Asana, Slack и слично. Можеш да создадеш повеќе групи на самите алатки. Една може да ти биде за работа, а другата за социјализирање. Кликни овде за да ги разгледаш алатките.

 

obuka za digitalen marketing

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Дигитална Трансформација и ги содржи следните клучни зборови: совети, компанија, комуникација, бизнис, фидбек, алатки, дигитална, трансформација, вработени, социјализација, обуки за дигитален маркетинг.

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉