Како да ги преживееш првите 3 месеци на работа?

Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријатаn Kариера. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Напиша совршено мотивациско писмо, склопи одлично CV и одлично помина на интервјуто за работа. Честитки, но не заборавај дека твоето вработување не завршува тука, туку започнува!

Работодавецот можеби не ти нагласил дека првите три месеци ти се тест-период, но како ќе се покажеш на почетокот е клучно. Некои компании дури истовремено вработуваат неколкумина кандидати на тест-период, а подоцна го задржуваат оној кој оставил најдобар впечаток.

Нашиот најискрен совет би бил да бидеш свој, труди се, биди амбициозен и дај сè од себе (и се разбира, не ги преминувај границите на нормалното однесување). Сепак, не сакаш да бидеш само добар, туку најдобар!

Без разлика на која позиција си вработен во компанијата, дали како асистент или како заменик претседател, искористи го овој тест-период. Докажи им на надредените дека ја донеле вистинската одлука кога те вработиле. Во ниеден момент не заборавај дека твојата работа (а можеби и кариера) зависат од тоа каков работник и тимски играч ќе бидеш овие неколку месеци. Биди вешт во комуникациите, отворен за критика и не заборавај најмалку еднаш неделно да поканиш некој колега на ручек-пауза.

Следи ги нашите совети и не дозволувај стресот да те надвладее.

Разбери дека си константно оценуван

Ти си најновиот човек во компанијата, се разбира дека си постојано набљудуван и оценуван. Не само од менаџерите, туку и од колегите. Но откако знаеш дека целото внимание е свртено накај тебе, играј паметно и употреби го тоа! Биди фин и фер со сите околу тебе, фрли по некој комплимент од време на време, ама не делувај фејк.

Никако, никако не ги озборувај колегите и не шири гласини. Твојот карактер ќе биде проценет според тоа како се однесуваш во најмалите, секојдневни интеракции. Доколку секој ужива во работењето со тебе, твојот директор ќе знае дека си добар тимски играч.

Пристигни порано и замини подоцна од тоа што треба

Свесни сме дека звучи неверојатно клише, но како и повеќето клишеа, вистина е. Пристигнувањето на време е ок, но пристигнување 10-15 минути порано покажува дека си посветен и одговорен.

Причината пак зашто треба да останеш и по истекувањето на работното време е затоа што испраќа сигнал дека се трудиш. Плус, тоа време можеш да го искористиш многу продуктивно. Научи нешто ново или осигурај се дека добро си ја завршил работата во текот на денот.

nova rabota

Учи и надоградувај се

Мораш да сфатиш дека колкаво и да е твоето знаење, ти си нов во таа компанија. Има еден куп работи кои сè уште не ги знаеш. За да можеш да одговориш целосно на сите задачи и предизвици мора уште да учиш и да се надоградуваш. Читај, истражувај, прашувај! Во првите месеци, работата не ти завршува кога ќе излезеш од канцеларија. Одвои време од денот за да дознеш плус информации кои ќе ти помогнат во работата.

Дружи се со колегите

Никој не очекува дека во некој колега ќе го препознаеш твојот нов најдобар пријател. Сепак, вложи малку време и енергија во градењето на добар однос со твоите соработници. Потсети се на првото правило дека постојано си оценуван, а тоа е само една од причините зашто треба да внимаваш на врските и интерната комуникација.

Од друга страна, имањето на убав однос на работа значи дека ќе се чувствуваш удобно кога ќе треба да побараш помош или да прашаш за совет. А воопшто нема потреба да зборуваме која предност е поддршката која ќе ја добиеш.

Запишувај СÈ

Веќе зборувавме за ова. Невозможно е да запомниш сè што ќе ти биде кажано. На почетокот не можеш ни да знаеш која информација е колку важна, за да можеш правилно да ги приоритизираш. Затоа запишувај!

Не само што треба да запишуваш сè, дури и најмалите нафрлени информации, туку отиди едно ниво погоре и сподели ги со тимот белешките од состанокот кој штотуку го одржавте. Тоа не само што ќе ти помогне на тебе и твоите колеги, туку до менаџерите ќе ја испрати пораката дека си одговорен, организиран тимски играч.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

nova rabota

Related Stories For You