Со Нена и Фросина од Grouper се дружевме веќе на 3 PopUp курсеви. Тие се дел од многуте Grouper-овци кои поминаа низ просториите на Brainster и ја искористија компаниската месечната претплата за курсеви за тимот на Grouper.
Oсобено нè радува што издвојуваат време од нивните преполни распореди, за да го надоградат нивното знаење во еден ден во Brainster. Ние веќе успеавме да ги запознаеме подобро за време на часовите поминати овде, па покрај тоа што споделуваме знаење, сакаме да ги споделиме и нивните впечатоци.
Кои се Нена и Фросина и зошто токму Pop-up курсевите?
Нена и Фросина работат во Grouper.mk како агенти за продажба и ни открија дека она што најмногу им се допаѓа на курсевите во Brainster е што им помага да се усовршуваат во она што го работат .
Нена: Сето знаење што го стекнав таму ми помага да се усовршувам и како личност бидејќи навистина можат да се научат многу корисни работи кои помагаат и во секојдневието, ми ги прошируваат хоризонтите и ме држат отворена за сите новитети во дигиталниот свет.
Што ве тера да се вратите на PopUp курсевите? Дали ви беа поомилени оние сродни со вашата секојдневна работа, или оние надвор од комфор зона?
Нена: Информациите, знаењето и пријатната атмосфера на курсевите ме тераа да посакам повторно да одам и затоа топло ги препорачувам на сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за она што го работат или пак лично за себе.
Фросина: Тоа што направи да се вратам на PopUp курсевите е можноста во неколку часови да научам нови вештини и да се инспирирам за понатаму да продолжам да истражувам на темата. Дефинитивно го препорачувам и едниот и другиот тип на курсеви односно и тие кои се поврзани со теми кои веќе ги познавате и тие кои се надвор од вашата комфор зона. И во двата случаи секогаш имате можност да нучите нешто ново во нова атмосфера. Можноста за учење не е само во практичните работи кои ги учите за време на курсот туку и од вашата љубопитност и мислењата кои ќе ги размените со предавачите и учесниците.
Што ви беше најзабавно на PopUp курсот: Вовед во Facebook рекламирање? Каков тип на реклами креиравте?
Фросина: Целиот курс беше доста практечен и сите креиравме реклами за некоја наша страница со одредена намена (од многу различни области). Дознав многу брзи опции за правење на реклами на Facebook и исто така дознав кои се најдобрите начини за рекламирање зависно од целта која сакаш да ја постигнеш. Рекламата која јас ја креирав е за Engagement со повеќе корисници на одреден пост.
На ист начин како Grouper, компаниите можат да се претплатат на еднодневните Pop-Up курсеви. За 50€ месечно ќе добиете 4 билети кои вработените од компанијата ќе можат да ги искористат за претстојниот месец. Претплатата може да се изврши за 1 месец или за повеќе месеци.
Без разлика дали сакате да иновирате, да ги наградите или да ги едуцирате вработените, Pop-Up курсевите ќе ви помогнат да изградите посилен тим и подобри бизнис резултати.
Исконтактирајте не на [email protected] или на 071337169 за сите информации поврзани со месечната претплата.