„Маркетиг алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Колку пати сте виделе некој атрактивен ресторан кој е отворен на погрешна локација?! Не е важно колку е добра храната, типот на ресторанот или дали услугата е одлична… едноставно не можете да сватите зошто баш тука е отворен таков ресторан во услови кога навистина локацијата не соодвестува или не е доволно погодна за ваков тип на бизнис.
Да не зборуваме за егото на сопствениците: Што? Нема да доаѓаат клиенти?! Овде храната ќе биде или е толку добра што на луѓето нема да им пречи воопшто тоа што ќе мора да одат малку подалеку од вообичаеното!
Дали вашиот тим за продажба е спремен за 2016?
Жалам што ќе ве разочарам но, имајќи долгогодишно работно искуство во услужната индустрија, можам да кажам дека постои едно златно правило кога се во прашање локалите на бизнисите: ЛОКАЦИЈА, ЛОКАЦИЈА, ЛОКАЦИЈА!
Ова е особено важно за Retail секторот! Одлуката за дефинирање на локација за вашиот retail бизнис сигурно претставува една од најтешките, ако не и најтешката одлука било кога, затоа што треба да се земат повеќе фактори во предвид: однесувањето на клиентите, фреквенцијата, структурата на населението (од демографски и економски аспект) и сл. Самиот микс на ваквите фактори не оставаат простор за грешка. За да се натпреваруваат со онлајн бизнисите и за да можат да ја оправдаат инвестицијата во физички објект (дури тоа и да биде само кирија), бизнисот мора да биде на одлична локација.
Затоа тука доаѓа на помош data intelligence, или поконкретно location intelligence. Insightico е сервис кој им помага на retail-ерите да ја пронајдат перфектната локација за нивната продавница.
Што прави Insightico?
Овој сервис ги комбинира демографските и економските податоци со податоците од сообраќај на одредени локации и соодветните бизнис информации, заштедувајќи им на сопствениците на вакви бизниси време и финансиски средства кои би биле потрошени за вакви пазарни истражувања.
Без импулсивни одлуки. Само затоа што одредена локација која станала слободно а на која сте и “фрлиле” око веќе подолг период, не значи дека треба да ја заземете. Бидете паметни со вашите компаниски ресурси и одберете ја вашата најдобра локација мудро и на база на правилни информации
Сакате да добивате известувања за бесплатни курсеви? Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата