Иако Facebook, Twitter и Pinterest се најпосетените социјални мрежи од страна на сите маркетери, последната година-две, многу познати брендови се свртеа кон “помладите” платформи со цел да експериментираат со креативни, смели и навистина интересни онлајн кампањи.
Компании како GoPro, Nordstrom и Spotify оставија одличен впечаток на Instagram, додека пак Hillary Clinton доби голем број следбеници на популарниот Snapchat.
Според онлајн маркетерите кои секојдневно ги користат социјалните мрежи за работа, инспирација и networking, следниве кампањи покажуваат што сè може да се постигне и каков ефект може да предизвикаат брендовите доколку ефективно и креативно ги искористат сите алатки кои им се на располагање во оваа дигитална ера.
GoPro кампањата на Instagram
Авантуристичкиот дух на GoPro овој пат ја покажа својата креативност преку Instagram видеото со мачката од Австралија која скејта и ја покажува својата храброст 🙂
Lux Narayan, CEO на Unmetric, интелигентна платорма за социјални медиуми препорачува дека секоја содржина која го доловува карактерот на животните вклучени во човечки активности е непогрешлив начин да генерирате реакции кај корисниците на социјални медиуми. Во конкретниот случај, автентичноста на видеото во комбинација со опсесијата на интернет корисниците со мачки во смешни ситуации е совршен рецепт за креирање на вирално видео. Според анализата од страна на платформата Unmetric, ова видео споредбено со сите објави на GoPro на Instagram во 2015 година, доби највисока оценка за интеракција помеѓу своите корисници. А сурф-мачката заработи повеќе од 250 000 лајкови на Instagram 🙂
South American Getaway натпреварот на Expedia објавен на Instagram
Expedia веб сајтот за патување креираше Instagram кампања преку која понуди шанса за добивање на патување во Јужна Америка. Кампањата достигна високо ниво на интеракција затоа што фотките од егзотични дестинации ги будат нашите вродени чувства за авантура и возбуда кои ги имаме кога истражуваме нови места. Дополнително, и самите натпревари поттикнуваат интеракција помеѓу корисниците на социјалните медиуми, па така овој пост кој понуди шанса за бесплатно патување достигна голем успех. Само една ноќна фотка од Rio de Janeiro достигна 449 лајкови и 463 коментари на Instagram.
Instagram хаштагот #withoutshoes на компанијата TOMS Shoes
E-commerce компанијата TOMS Shoes започна со работа во 2006 година и имаа за цел да донираат еден пар чевли на сиромашните деца за секој пар чевли што ќе продадат. Во мај 2015 година, оваа компанија го пренесе својот филантропски дострел и на Instagram. TOMS Shoes одлучи да донира нови чевли, секој пат кога Instagram корисник ќе постира слика од своите боси стапала со хаштаг #withoutshoes.
Кампањата успеа да ја долови посветеноста на компанијата на својата цел и резултираше со донација од 296.243 пара чевли.
‘Fix in Six’ Vine видеата на компанијата Lowe’s
Со оглед на тоа што Vine е социјална платформа која е користена најмногу од страна на помладата публика, Lowe’s одлучиле да го позиционираат својот бренд и тука, па благодарение на своите иновативни видеа, успеале да и се приближат и на оваа целна група.
Instagram објавата за годишен попуст на компанијата Nordstrom+
“Нашето најголемо намалување заслужува најголем Instagram пост!” Ова е постот со кој Nordstrom ја започнаа онлајн кампањата со цел да го објават годишниот попуст во нивната продавница. Компанијата креираше 1244m2 арт инсталација на кровот на нивната продавница во Сиетл, на која беше поставен фустан со должина од 2,3m2. Видеото од оваа инсталација беше поставено на Instagram и достигна навистина голем успех – повеќе од 16 000 лајкови. Кога го гледате на почеток си мислите дека е прилично секојдневно видео, но набрзо сфаќате дека Nordstrom успеале на навистина креативен начин да ја претстават големината на годишниот попуст и да креираат голема фама помеѓу своите купувачи. Во секој случај, нивниот труд се исплатил!
Spotify хаштагот #foundthemfirst на Instagram
Spotify ги поврзува фановите со своите омилени музичари и бендови давајќи им можност да ѕирнат позади сцената. Со цел да ја промовираат новата онлајн алатка, Spotify решија на Instagram да го користат хаштагот #foundthemfirst. Намената на алатката е да ги скенира музичките пребарувања на корисниците на Spotify и да ги информира доколку некогаш слушале музичар/бенд кој подоцна станал славен. Овој пристап помина одлично затоа што успеаа да ги искористат податоците кои ги имаат од своите корисници со цел на иновативен начин да го промовираат својот нов производ.
Особено едно Vine видео на HP, промовирано од страна на Ayala (еден од најследените Vine-ри) во кое се обидува да преклопи конкурентски лаптоп (неуспешно), доби скоро 250 000 лајкови и повеќе од 7000 коментари.