Како еден од најпосветените учесници на курсот за Excel, сакавме да дознаеме како си поминал. Неколку прашања со Мартин Трајановски ?
1. Здраво Мартин, кажи ни нешто за тебе 🙂
Студент на Економски факултет, департман менаџмент кој во слободно време сака да учи нови работи и вештини.
2. Беше дел од курсот за Microsoft Excel, како си помина, што научи?
На курсот си поминав топ! Научив многу корисни работи (анализа на податоци, работа со база на податоци, Pivot табели, Filters и многу многу други..) за што најголема заслуга има секако инструкторот Александар кој btw е најдобриот ментор на свет!
3. Кој се треба да знае да работи во Excel?
Курсот за Excel е наменет буквално за сите кои имаат или немаат допирни точки со финансии и анализа на било какви податоци, но и сите оние кои во иднина сакаат да работат во оваа област. Курсот за Excel во Brainster е prescription за поголем успех!
4. Како го применуваш наученото?
Како што реков се уште студирам па користам само мал дел од наученото, но со огромна желба истото да го искористам во иднина.:)
5. Каде се гледаш во иднина на кариерен план?
Успешен менаџер и бизнис аналитичар! (working on it )