Зошто вештините во Microsoft Excel не застаруваат?

Аналитичарите и сметководителите не се единствените кои се потпираат на Excel. Без разлика дали си банкар, професор, студент или маркетер, Excel помага да останеш компетентен во секоја професија.

Програмата за почетни и напредни вештини во Мicrosoft Excel види ја тука.

Кога ќе слушнеш „Microsoft Excel“, може да ти паднат на ум слики од раздвижена канцеларија која сѐ уште користи некои застарени методи на работа. Aјде да го побиеме тој мит!

Excel не служи само за табели

Сигурно кога прв пат се сретна со Excel, знаеше да споиш две ќелии, да додадеш неколку табели и тоа е тоа. Сепак, Excel е многу посложен од ова. На пример, можеш дa:

  • Организираш податоци со едноставна навигација;
  • Да пресметуваш основни и сложени математички функции;
  • Купчињата податоци ќе ги претвориш во функционален графички приказ;
  • Врз основа на анализата на податоците, можеш да направиш предвидувања;
  • Да креираш, градиш дури и да едитираш пикселизирани слики (да, и креативци користат Excel!)

Помага работата навистина да биде завршена

“Не сакам поефикасно дa си ја завршам работата”, рече ниеден професионалец, никогаш. Кога се организираат податоци, изобилството од програми и функции на Excel постојат за да ти заштедат време. Наместо да додаваш преку 100 редови од трошоци и пресметки сам, Excel ја прави математиката за тебе, точна.

И по 26 години, ги држи сите околу него

Во tech години, ни изгледа како Excel да постои засекогаш, но како програм, прилагоден е на брзата дигитална ера. Можноста да соработуваш со колегите ефикасно и ефективно е must, па затоа го воведоа и Excel Web AppСлично на Google Drive, им овозможува на тимовите да работат заедно во реално време. Без разлика дали си мал бизнис и штотуку почнуваш, или професионалец, Microsoft Excel останува важен ресурс за компании во која било фаза на развојот.

Долга приказна на кратко? Има повеќе вредни работи кои можат да се направат во оваа програма, што не можеш ни ги да претпоставиш ако детално не ја имаш истражено и научено. Корисна е за секоја професија, без разлика што и да работиш. Начин како да ги решиш проблемите и обврските на организиран начин, отколку редови и редови податоци на кои не можеш да им го фатиш крајот.

Ако сакаш од почеток до крај да стекнеш напредни вештини во Excel кои ќе ти помогнат на работното место или новата кариера, те советуваме да ја ѕирнеш оваа програма.

microsoft excel skopje

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА