Ова е гостински текст на Антонија Грнчаровска, практикант во Brainster.

Антонија штотуку ни долета на пракса директно од Милано, спремна за нови предизвици и отворена за нови можности. Главниот фокус во моментов и е e-mail маркетингот, а она што понатаму би сакала да го усоврши е дигитален маркетинг за e-commerce.

Покрај она што го работи во моментов, Антонија ни напиша нешто за како да стигнеме до поуспешна кариера.

Тргни од идејата дека сѐ е можно

Со ризик дека ќе звучам cheesy, во 21виот век во кој што живееме, нашите опции за работа се граничат со бесконечност.
Спектарот на networking алатки, неформална едукација и информации отворија нови хоризонти.

Интернетот дозволи бројот на информации кои стигнуваат до просечниот човек да се дуплира во последните неколку години. Да се изразам поинаку, на секои 2 дена произведуваме онолку информации колку што сме креирале вкупно од почетокот на времето до 2003. Односно, до 2020 ќе креираме огромна количина на информации x50 од денешната!

Ако уште мислиш дека ги немаш квалификациите да се издигнеш во хиерархијата на твојата фирма или да промениш комплетно насока на работење, дозволи да те премислам. Можеби само ти фали мотивација и информираност.

Дознај како сакаш да се чувствуваш на работното место

Голем процент од светскиот пазар на труд сака да го промени своето работно место не поради титула или пари, туку поради начинот на кој се чувствуваат на работа. Флуктуацијата на кадрите во IT секторот достигнува рекордно ниво од 13,2%.
Запрашај се: Сакаш да си безбеден или предизвикуван? Важно ти е да имаш место за растење или да си во функција на контрола? Ти треба возбуда или комфорт?
Зависно од она што моментално ти пречи и од она што е битно на ТВОЈАТА приоритетна листа, сам ќе си ја дадеш насоката за своите наредни чекори.

Твоето дело е поважно од твоето CV!

Доколку аплицираш за UX позиција, ќе треба да покажеш што имаш сработено.
Ако сакаш да се докажеш во маркетинг секторот, донеси некоја веќе – успешна кампања. Не се плаши да се продаваш со повеќе од црни зборови напишани на бела позадина. Праќање на CV во онлајн просторот може некогаш да личи како праќање на ракета во црна дупка, но можеш да го промениш тоа со создавање на контакти и повикување на истите.

Не биди клише

Кога се работи за твојата апликација за работа, пренеси ги твоите искуства на начин при кој покажуваш што точно си допринел и научил од тоа искуство. Не, не постои предефиниран темплејт за добро CV. Некои веќе видени клишеа се:
– Претставување на себе како да ја имаш создадено Земјата
– Одење по традиционалниот пат затоа што “така треба”
– Споделување приватна приказна и очекување сочувство
– Криење на (не)квалитетот позади титули и фенси зборови
– Прашување луѓе за услуга без претходно претставување или запознавање

Напиши ги на хартија сите професионални искуства на кои си горд

…и види кои твои атрибути се повторуваат. Јасно забележуваш дека си горд на своите презентации? Не се плаши да одиш кон позиција која ти нуди простор да се изразуваш пред луѓе (пинг: PR). Ако си ултра – среќен за твојот менаџмент под притисок, види како ти звучи работа на проекти. Ако најмногу направи тој еден ден кога работеше од дома, можеби freelancing е вистинскиот избор. Работното место треба да е место што те прави да се чувствуваш топло и исполнето.

 

Зошто да те уверувам, кога можеш лесно да дознаеш и без моја помош.