Нема поголемо славење во канцелариите на Brainster кога некој од нашите најдобри таленти ќе започне успешна дигитална кариера.
Ненад Јовиќ се вработи во Vrootok по завршувањето на Академијата за маркетинг.
Уписите се во тек, види програма тука.
Здраво Ненад! Кажи ни нешто за тебе 🙂
Здраво! Дипломирав на Економскиот Факултет при Универзитот Св. Кирил и Методиј пред две години. Накратко по дипломирањето го увидов недостатокот од практично и применливо знаење, особено од она што беше најактуалено – дигитализација на компаниите и подем на дигиталниот свет. Тогаш видов “Успешна приказна” на Brainster на Facebook. Уште од слоганот “let’s build some rockets together” знаев дека Brainster ќе биде мојот избор. Long story short – најдобар избор кој го имам направено за моето образование. Кога не сум на Академијата постојано учам и го надополнувам моето знаење. За тоа е крив Brainster и моите колеги кои ми вродија љубов за она што го работам.
Пред крајот на самата Академија, се вработи. Кажи ни нешто повеќе за ова искуство!
Знаев дека светот на дигиталниот маркетинг е динамичен, но не дека е толку динамичен. Тоа го увидов накратко по вработувањето во Агенција за дигитален маркетинг која работи со клиенти од странство. Но динамиката на работата е еден од факторите кој е клучен за тоа зошто се заљубив во дигиталниот маркетинг. Искрено изненаден бев колкав голем дел од работите кои ги учев на Академијата можев да ги применам на работното место уште од првиот ден. За моја среќа имам одличен ментор на работа, па секогаш се надоградувам и учам нови работи! ?
Кои карактеристики треба да ги има еден маркетер? Има некоја тајна?
There is no shortcut for hard work. Според мене и моето лично искуство. Треба само да бидеме спремни за нови можности и предизвици бидејќи светот на дигиталниот маркетинг никогаш не стои во место. Континуираното учење е клучен фактор за успех. Да се биде вечен студент – тоа е “тајната”.
Кој е патот што треба да го изоди секој почетник – маркетер?
Пред да почнам активно да работам со маркетинг и пред да започнам со Aкадемијата ми беше невозможно да се замислам како работам во маркетинг бидејќи мислев дека не сум креативен. Тука Brainster имаше клучна улога затоа што ми го отвори умот за нови можности и ме натера да размислувам out of the box. Секој е креативен и секој може да го направи истото. Првиот чекор е – Open your mind.
Дел од предавањата кое ти беше најголем предизвик?
Дефинитивно брендирањето. Градењето на еден бренд бара толку многу познавање на човековата психологија, што само по себе е уште една цела наука. Дефинитивно во иднина сакам подлабока да навлезам во процесот на брендирање, затоа што бев фасциниран од предавањата на кои имавме одличен ментор од Австралија. Ми изгледа доста предизвикувачки, ама тоа е само дополнителна мотивација, а не кочница.
На какви проекти би сакал да работиш во иднина?
Општествената одговорност е една од клучните карактеристики и можеби главната причина зошто го засакав Brainster како бренд. Лесно е да заталкаме вложувајќи во самите себе, а притоа да заборавиме од каде доаѓаме и дека сме дел од нешто поголемо од самите нас. Дефинитивно сакам да бидам дел од проекти или да работам на проекти кои ќе придонесат за подобрување на некоја општествена состојба или подигање на свеста кај луѓето. Со вистинските маркетинг алатки и вистинските луѓе, сигурен сум дека ќе бидам дел од вакво нешто.
Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.