Ова е гостински текст напишан од Наде Темелковска која е дел од Академијата за маркетинг.

2018та е годината во која ќе биде нагласена важноста на технологијата, градење доверба кон потрошувачите и автентичност. Година кога научната фантастика ќе стане реалност. Искуството на потрошувачот ќе биде во центарот на вниманието, а компаниите на многу подлабоко и подинамично ниво ќе се поврзат со своите клиенти.

Не чека година со многу новитети, можеби слична на онаа кога се појави за прв пат интернетот. Кои ќе бидат најголемите трендови следната година? 

Проширена реалност

И во 2016 и во 2017 постојано се зборуваше за проширена реалност, тренд за кој сите пишуваа.. но ништо од тоа. И покрај тоа што се појавија многу апликации, платформи во изминатите години, ниедна не успеа да се наметне на пазарот.

После долги години  Magic Leap  конечно ги претстави очилата за проширена реалност. И додека целиот свет се прашуваше зошто Google и Аlibaba вложуваат милиони во производ кој не постои, денес ни е сосема јасно зошто!

Дали со Magic Leap конечно ќе дојдеме до трендот проширена ралност? Кога зборувам за Magic Leap го имам истото чувство како кога за прв пат се појави интернетот.. и да, верувам дека ќе биде почетокот на она што се најавува веќе неколку години. 

Како функционира?

Замислете да можете да бидете присутен секаде, во секое време. Со Мagic Leap ќе може дигитално да се поврзете со други луѓе од целиот свет. Колку би било добро да треба да имате состанок во Сан Франциско, а да не мора да плаќате авионски лет и да се малтретирате по аеродроми. Едноставно ставете ги Magic Leap и таму сте. Не губите време, не трошите пари а присутен сте секаде. Компаниите би можеле да презентираат производ  на луѓе од целиот свет. Тоа е нов начин за комуникација и споделување на искуства со пријателите и колегите. Може да ја наречеме соработка во друга димензија.

Веб програмерите ќе можат да ги оптимизираат веб страниците за екстракција на контентот и просторно пребарување, овозможувајќи нови начини за купување и за истражување со 3D објекти. Би се очекувало да можете да ги пробате чевлите кои сакате да ги купите, да го почувствувате материјалот и сето тоа да може да го направите од дома.

marketing trendovi

Контентот ќе добие сосема нова димензија. Читателите ќе можат да ја доживеат приказната, притоа поврзувајќи се многу поемоционално со самиот бренд. Рестораните ќе можат да ги однесат гостите во кујната и да им покажат како се прави нивното најпопуларно јадење.

Би можеле да очекуваме појава на  една сосема нова индустрија: карти за виртуална реалност за најомилените настани. Купи ВР карти за светско првенство во фудбал и ќе бидеш точно во центарот на случувањата, уживајќи во настанот од твојата дневна соба, лежејќи на твојот омилен кревет. Сакаш да уживаш во концертот на Coldplay? Секако дека е возможно. ВР карти и таму си со целата толпа, пееш Adventure of a life time. Извонредно нели?

Иновативните телефони на Apple

Аpple со двата нови револуционерни мобилни iPhone 8 и iPhone X, кои имаат вметнато нов чип  ќе им  овозможи на корисниците едно исклучително зголемено реално искуство. Имајќи ја предвид оваа иновативност кај Аpple, социјалните платформи ќе мора да најдат начин да ја инкорпорираат оваа нова технологија.

На пример, може да се претпостави дека Facebook или Instagram наскоро ќе вметнат филтри кои ќе им овозможат на корисниците да направат селфи со пријател или славна личност проектирана преку зголемена реалност. Kористејќи ја вашата локација, компаниите ќе можат да  спонзорираат содржина на ЗР, која може да се пристапи само на тоа место во тоа време. Покемон беше пионер со оваа идеја и се очекува Instagram и Facebook наскоро да  ја интегрираат оваа технологија во своите платформи.

Facebook Spaces

Facebook работат на проект наречен Spaces кој е дизајниран да им овозможи на пријателите да се поврзат во ВР-виртуална реалност. Со оглед на тоа што Facebook е сопственик на Окулус, хардверска и софтверска компанија за виртуелна реалност, не е изненадување што гигантот на социјалните медиуми развива платформа за да ја искористи оваа нова технологија.

Гласовно пребарувањe

Животот станува сè побрз, луѓето имаат сè помалку време, а тоа се одразува и на маркетерите. Прашањето е како маркетерите ќе им продадат време на своите потрошувачи во замена за нивното внимание? Гласовен маркетинг! Ќе бидете изненадени колку од вашето пребарување ќе биде со вашиот глас, т.е нема повеќе да пишувате, туку ќе му кажете на google што барате. 2018 ќе биде година на гласовна револуција.

Видео маркетинг

Видеото во никој случај не е нова маркетинг иновација, но се чини дека е во пораст и се смета за мошне популарен метод за дистрибуирање на содржини на сите дигитални канали.

Еден тренд што го гледаме сè повеќе и повеќе е употребата на интерактивни видео содржини. 360 видеа, зголемена и виртуелна реалност – следниот прогресивен чекор од видеозаписот кој обезбедува интерактивно искуство со клиентите. Сега, кога Apple создава анимози, се чини дека првиот чекор e да се анимира и споделува содржинa на овој интерактивен и креативен начин.

Меинстрим дигитални дружења

Houseparty е видео платформа за дружење која ja користaт над 1 милион луѓе секој ден. Платформата е толку успешна што Facebook, наводно, истражува начини да  создаде слична функционалност во нивната платформа. Може да се претпостави дека во 2018та година, Facebook ќе објави сличен производ на Houseparty кој ќе биде новото лудило за корисниците, исто како што се случи со Stories на Instagram. Претпоставувам дека компаниите би имале свои дигитални соби, каде ќе можат директно да комуницираат со своите потрошувачи и да ги презентираат своите производи.

Зголемување на популарноста на Instagram Stories

Повеќе од 200 милиони луѓе користат Instagram Story секој месец, што е за 50 милиони повеќе од оние кои го употребуваат Snapchat.. а Instagram Story постои само една година! До крајот на 2018 се предвидува дека половина од корисниците на Instagram ќе прават Stories. Ова јасно укажува дека брендовите и маркетерите ќе мора да одвојат време да ја усовршат оваа платформа.

Овој нов, неформален пристап кон создавањето на содржини не се појави случајно, го сублимира сè она што младите сакаат – брзо информации во реално време, ексклузивни фотографии, моменти зад сцената и приватност. На сето ова, за разлика од хоризонталните фотографии кои го претпочитаат Фејсбук, Instagram Feed, Snaps и Insta Stories се вертикални содржини кои се совршено прилагодени за мобилните телефони.

Автентични фотографии наместо Stock photos

Ако постои  било каква шанси да  заборавите на stock фотографиите, направете го тоа. Несовршености, реални ставови, локални содржини и фотографии со кои корисниците можат да се идентификуваат се иднината на дигиталната комуникација, бидејќи тие ја зборуваат вистинската приказна. Маркетинг агенциите и компаниите се вртат кон автентични слики и видео содржини кои можат адекватно да го покажат идентитетот на брендот.

Инвестирање во маркетинг инфлуенсери

И покрај сите маркетинг стратегии, сепак една од најуспешните работи за промовирање на една компанија е пренесената информација од човек на човек. Потрошувачите едноставно повеќе веруваат во препораките на пријател, познаник, отколку на самиот бренд. Па оттука произлегува и соработката со инфлуенсери. Маркетерите и компаниите кои сè уште не работат со некои инфлуенсери, 2018 е година токму во таа насока. Микро инфлуенсери, а особено видео инфлуенсери кои автентично, на свој начин, со свои зборови ќе ја раскажат приказната.

Вештачка интелигенција

И покрај тоа што претходните години доста се среќававме со вештачката интелигенција, сепак допрва следи нејзина експанзија. Со користење на вештачката интелигенција се предвидува дека компјутерите ќе почнат да прават стратешки маркетинг одлуки. Во таква ситуација, софтверот ќе ги анализира податоците, ќе може да започне и да застане кампањи, да собира податоци, да создава производи и услуги, од однесувањето на корисниците. Познавајќи го целото однесување на корисникот на интернет, сите негови кликови, лајкови, пребарувања, купувања.. во блиска иднина би се очекувало компјутерот да може да направи реклама за секој корисник индивидуално. Користејќи вештачка интелигенција во обезбедувањето на подобри искуства на потрошувачите, оптимизираното донесување одлуки и “предвидливото” купување се придобивки, како за маркетерите така и за компаниите, обезбедувајќи подобро ROI за бизнисите.

Owned маркетинг

Ова е најдоброто време за маркетингот. Најголемата придобивка за маркетерите и за компаниите, е тоа што не треба да трошат илјадници евра рекламирајќи се на телевизија, на радио, печатење флаери, за да дојдат до својот таргет. Наместо илјадници потрошени евра, за да ја пренесат својата порака, да го презентираат својот производ ги користат социјалните медиуми. Причината поради која ова е најдоброто време за маркетингот е бидејќи овој пазар е потценет, затоа што најголемите компании во светот не трошат доволно пари на нив. 

Затоа додека има уште време, користете ги социјалните мрежи паметно, вложувајте повеќе пари во рекламирање, со цел да добиете повеќе лидови. Кога Facebook ќе ја качи цената на рекламирањето бидете спремни. И секогаш имајте на ум дека е-маил маркетингот е одличен бесплатен канал за рекламирање.

Без разлика колку мислиш дека си паметен, пазарот секогаш се менува

Со сите овие огромни  промени, ќе мора да има и големи реформи во тоа како маркетерите стигнуваат до своите потрошувачи. Однесувањето на потрошувачите ќе продолжи да се менува во 2018та година. Гласовното пребарување ветува дека ќе се смени начинот на кој потрошувачите ќе се вклучат во мрежата и влијае и на начинот на кој менаџерите ќе размислуваат за своите веб-страници. Проширената и виртуелна реалност, Magic Leap, Apple со новите телефони доправа ќе н изненадуваат со своите нови пронајдоци кои следат. Обрнете внимание и на Linkedin и Amаzоn, со сите промени кои ги направија сигурна сум дека ќе не изненадат со многу новитети следната година. 2018 е година првенче за се она што допрва не очекува.

Возбудливо нели? Што мислите за најновите трендови, кои од нив би ги инкорпорирале како стратегија во вашите кампањи? Ги чекам вашите предвидувања во коментари 🙂

marketing trendovi

 

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje. академија за маркетинг скопје, академија за маркетинг.

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!