Стефан Кироски е алумни од нашата Академија за дигитален маркетинг кој што направи успешна трансформација на својата кариера! Менувајќи неколку професии, запознаен со сите можности на дигиталниот маркетинг реши да се запише на оваа академија и да стане иден успешен дигитален маркетер.

Неговото мото е „Никогаш не е касно да ја промениш својата кариера. Подобро покасно отколку никогаш.“  Па така, Стефан е унапреден на нова работна позиција во индустријата во која што работел.

Честитки за Стефан и продолжи да редиш успеси! Прочитајте што тој ни сподели за неговиот кариерен пат и неговото искуство со Академијата за дигитален маркетинг.



Здраво Стефан 🙂 за почеток, да те запознаат нашите читатели подобро, кажи ни нешто за себе?

Накратко, личност со “every day-learning” mindset, целосно интегриран во дигиталниот свет, со мал милион хобиња ама без доволно време да ги практикува 🙂

 

Каков беше твојот кариерен пат до моментот на запишување на Академијата? Што беше она што те натера да ја избереш токму оваа дисциплина и токму оваа Академија?

Во минативе 4 години имав прилично интересен кариерен пат. Сменив неколку професии, почнувајќи како баристa во Coffee Shop, во овој период почнав сериозно да го истражувам дигиталниот свет и можностите кои ги нуди. Успеав да стекнам неколку дигитални вештини и да совладам алатки како WordPress, Photoshop, Illustrator, што ми овозможија да се вработам како Web & Graphic Designer во компанија која се бави со патен карго транспорт во САД. Во истата компанија добив можност за нова работна позиција, паралелно почнав да работам Driver Recruitment, а од тука се појави желбата за дигитален маркетинг. Уште неколку месеци пред да се случи Brainster, бев добро запознаен со сите можности кои ги нуди дигиталниот маркетинг, па така еден ден одлучив да станам маркетер 🙂 Голем проблем беше што не знаев од каде да почнам, едноставно не бев сигурен во тоа што го учев сам, ми требаше proof дека знам доволно пред да почнам да работам на вистински проект. Brainster со Академијата за дигитален маркетинг се појави во право време, истражив повеќе за целата 6-месечна програма, за начинот на учење, за инструкторите и тоа што најмногу ми се допадна и ме убеди да се запишам, беше учењето преку работа на вистински проекти. Сега сум дигитален маркетер во истата компанија, и морам да признаам дека тоа знаење што го стекнав сам пред Академијата, дефинитивно немаше да биде доволно! 

 

Честитки за твоето унапредување! Како ти е на новата работа позиција? Кој ти е омилен дел од твојата работа? 

Благодарам за честитките. Се чувствувам одлично на новата работна позиција. Мојата цел е да ја оптимизирам целата маркетинг стратегијата, за да доведе до поефективен Lead Generation. Одлучив прво да го оптимизирам веб сајтот на компанијата, Landing Page Optimization и On-Page SEO, затоа што веб сајтот е централната точка на целата маркетинг стратегија. Веќе подолго време работам на WordPress, можам да кажам дека овие два дела од работата ги работам со задоволство, а во блиска иднина ќе посветам повеќе внимание на Social Media канали, конкретно на Facebook.

 

Како Академијата за Дигитален маркетинг ти помогна во овој процес?

Академијата ми помогна на многу начини. Најважната работа што ја сфатив е дека веб сајт, Social Media канали и слично се само алатки кои овозможуваат да ја имплементираш својата маркетинг стратегија, и ако немаш знаење од областа маркетинг, истите нема да ти вршат никаква работа. Инструкторите во Brainster се погрижија тоа да ни биде јасно како ден. Пред да почнам да работам маркетинг, најпрво, направив длабок research за мојата таргет публика, изработив маркетинг план, и оттогаш стана многу полесно, во ниеден момент не се чувствувам заглавено. Исто така, модулот за Lead Generation ми помогна многу. Индустријата во која работам дигитален маркетинг е доста компетитивна, посебно што компанијата оперира во САД. Целиот процес на Lead Generation е доста комплексен и можам да кажам дека модулите за Lead Generation Strategy и Digital Marketing Strategy ми помогнаа многу. Навистина не би можел да издвојам ниеден модул, затоа што секој ми помогна на различен начин, секој модул е посебен дел од сложувалката наречена Дигитален Маркетинг. Со посветеност, труд и помош на врвните инструктори, ние ја споивме сложувалката и ја добивме големата слика.

 

Што би им порачал на сите што размислуваат да променат кариера во моментов? 

Just do it! Мислам дека оваа година со ковид, секој од нас научи една голема и важна лекција, а тоа е дека дигитална трансформација му е потребна на секој човек и секој бизнис. Мој најискрен совет е да не премислуваат и да се впуштат во промена. Ако не си задоволен од тоа што го работиш или учиш моментално, никогаш не е касно да ја промениш кариерата, подобро на 25,30 или 35 години, отколку никогаш. Академијата за Дигитален макретинг во Brainster е тоа што го препорачувам на секоја личност, без разлика за која возраст се работи или каква е досегашната кариера. Замисли, се посветуваш и вложуваш труд 6 месеци, стекнуваш големо знаење и можност да си ја промениш кариерата. 6 месеци се во прашање 🙂

 

Доколку и ти сакаш да станеш иден дигитален маркетер, првиот чекор што треба да го направиш е да закажеш информативна средба со координаторот на нашата Академија за дигитален маркетинг и да дознаеш повеќе детали.

Сите студенти на Академијата, пред да започнат со програмата, имаат единствена можност да ја следат бесплатната подготвителна програма преку нашата платформа за учење.

Подготвителната програма би ти помогнала полесно да ги совладаш модулите и задачите со кои ќе се сретнеш на Академијата.

Погледни ја програмата на Академијата и закажи ја твојата информативна средба.