Еднаш неделно ќе издвојувам еден маркетер од Академијата за дигитален маркетинг кој сработил добар проект. Овој пат, запознај ја Марија Секуловиќ – ретко митско суштество кое комбинира дизајн, copywriting и storytelling за да комуницира низ дигиталниот пејзаж. Во исто време, практикант во маркетинг агенцијата Vrootok.

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.

 

Како дел од првите проекти кои учесниците требаше да ги сработат беше Social Media Календар. Секој учесник изработи план за објавување на социјалните мрежи, и самостојно ја креираше содржината. Марија врз база на минимален бриф, и одврзани раце, направи содржина која би ја ставиле на feed без размислување. Со малку искуство успеа да препознае што би одговарало за нашите социјални канали, и на тоа даде свој печат.

Марија, веќе си сериозно навлезена во Академијата за маркетинг. Што те влече најмногу до сега?

Уфф тешко прашање. Не знам, кога ќе си ја погодиш професијата сѐ те влече и сѐ сакаш да знаеш. Можеби креативниот дел ми лежи повеќе но можам да кажам дека и аналитичкиот дел на маркетингот ме изненадува во поглед на тоа колку детално те води низ процесите.

Што би сакала да работиш во маркетинг индустријата “кога ќе пораснеш”?

Сѐ што е поврзано со дигиталниот маркетинг ми претставува огромен предизвик кој со задоволство го прифаќам. По завршувањето на Академијата очекувам да работам работа по ќеф!

Омилена алатка?

Многу алатки поминавме до сега, најинтересна ми беше Crello. Едноставна, брза и со многу опции за креатива и илустрации. Дефинитивно ти го спасува денот ако треба да ставиш неколку брзи објави на социјалните мрежи.

Марија, ти посакуваме блескава маркетинг кариера и уште многу проекти со кои ќе се гордееш. Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек, види ја програмата тука.

 

 

akademija